„Триумфалната порта, инспирирана од Париската, што ќе никне во центарот на Скопје е најдоброто во Македонија. Оти ги симболизира мултикултурата, мултирелигиозноста и мултиетничноста. Портата како мост ќе ги спојува семкарницата “Зуко” и сендвичарницата “Чичко Стоилко”. Под неа ќе се поклонуваме на споменикот на Крсте Петков Мисирков. Штета што ја затворија ќебапчилницата со лесковачка скара. Оти само уште таа треба на плоштад со име “Пела”.

Јавно ја прашувам Владата. Зошто ја фаворизира само Општина Центар? Зошто не распише конкурс за други монументални споменици по урнек на светските и во другите скопски општини.

Па на Аеродром да се гради Бранденбуршката порта. Во Кисела Вода ќе никне Ајфеловата кула. Под неа може да поминува старата рампа. Во Чаир, како знак на пријателство со Америка ќе се извиши Статуата на слободата. Во Арачиново ќе пукаат топовите од Калемегдан коишто ноќта спроти 29 ноември пукаа на Денот на Републиката. Тамам им се погоди оти 28 Ноември е Ден на албанското знаме. Во Сарај покрај Треска ќе никне Бриселскиот атомиум. А Карпош како последно упориште на комунизмот ќе го добие Кремљ. Точно наспроти Влајко. Кривата Кула од Пиза убаво ќе му држи сенка на Филип Втори во Гази Баба. А Белата кула од Солун не ја градиме никаде оти и онака Солун е наш.

А Дизниленд каде ќе го направиме? Каде ќе се сликаме со Мики, Мини, Пајо Паторот и Шиљо? Па се знае. Во Владата. Кога ќе се организираат отворени денови и кога министрите ќе собираат идеи, граѓаните ќе се ракуваат со своите омилени јунаци.

Извор: Сакам да кажам, Горан Михајловски, Вест

Programming Paradigms (CS107) introduces several programming languages, including C, Assembly, C++, Concurrent Programming, Scheme, and Python. The class aims to teach students how to write code for each of these individual languages and to understand the programming paradigms behind these languages.

Geek & Poke
Source: Geek & Poke

28.03.09.

01.04.2009.

Би ги замолил луѓето задолжени за линукс планета, да го променат фидот:

http://jovansblog.dobroutro.com/category/open/feed

Ова го ветив одамна. Ве молам најитно да ја направите промената.

фотографија: Радован Вујовиќ, „Шпиц“

фотографија: Радован Вујовиќ, „Шпиц“

Денес над Македонија не се раѓа сонцето на слободата. Денес сонцето ни заоѓа. Станува мрачно и мрак не обвива. Тешка пропагандна магла земјата ни ја покрива. Заспаноста на нашиот разум произведе илјадници политички монструми. Тие ја користат нашата рамнодушност за да и ја цицаат крвта на нашата тешко стекната држава. Го користат нашиот страв и нашата малодушност за да ги газат нашите права и слободи.

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Вие што сакате да живеете во европска, а не во некаква си неолитска, библиска или античка Македонија, придружете ни се во борбата против окупаторите на нашата свест и совест!

Нашата борба е за обнова на достоинството на граѓанинот. Нашата борба е против политичарите кои зборуваат за европеизација и за борба против корупција, а спроведуваат букефализација и корумпираат медиуми, судии, академици и ректори. Нашата борба е против божемните демократи кои одлучуваат зад затворени врати. Нашата борба е против народните платеници кои храмот на демократијата го претворија во срам на демократијата! Нашата борба е против властодршците кои секојдневно го злоупотребуваат името Македонија за лични, фамилијарни и партиски интереси. Нашата борба е против божемните борци за името и идентитетот кои им даваат аргументи на грчките националисти, а нас не прават заробеници на омразата кон сите Грци. Тоа се истите „борци” кои се појавуваат како грчки сведоци во судски пресуди против нашата држава, а милионските казни ги плаќаме сите ние.

Драги сограѓани и сограѓанки,

Ние не сме наивни! Не пиеме „грчка” нафта ниту пиеме „шведско” млеко од домашни крави! Знаеме што сакаме, а што не сакаме. И имаме право да се бориме против сите што ја оневозможуваат нашата интеграција во ЕУ.

Не сакаме изолирана и провинцијализирана Македонија! Сакаме држава во која ќе владее правото, а не самоволието на партиските деспоти. Сакаме држава во која граѓаните и граѓанките ќе можат слободно да избираат и да бидат избирани без страв дека ќе ги погоди куршум на гласачкото место.

Не сакаме држава во која буџетските средства се трошат за партиско рекламирање и за манипулирање со јавноста, а не за решавање на проблемите на граѓаните. Доста ни е од корумпирани газди на медиуми и преплашени новинари послушници. Доста ни е од партиски мегафони кои не трујат со теории на заговори, секојдневно јадат бурек и, во името на народот, коленичат пред „пастирот”. Не сакаме да плаќаме приредба во 100 чекори ниту преродба во 100 кампањи! Не сакаме буџетот на тајната полиција да биде поголем од буџетот за намалување на сиромаштијата и невработеноста. Не сакаме јавна администрација која наместо на граѓаните им служи на партиските врхушки. Не сакаме културна политика сведена на инструмент за политичка манипулација и националистичка демагогија. Не сакаме наместо  метропола на културата Скопје да биде некропола на кичот!

Почитувани сограѓани и сограѓанки,

Не заслужуваме политичари за кои младите, студентите, земјоделците, стечајците и пензионерите се само „целни групи”. Не заслужуваме да живееме во страв од „арачот” со кој драконски се казнуваат дребни прекршувања на јавниот ред и мир. Не заслужуваме власт на која и аплаудираат ѓоамити невладини здруженија финансирани од власта. Не заслужуваме власт која пред камери сади дрвца кои не фаќаат корен и не пуштаат лисја. Не заслужуваме камери во болниците ни болнички соби кои не ги исполнуваат ниту затворските стандарди. Не сакаме власт која ни влегува во спалните соби и ги дели жените на „чедоморки” и „живоротки”.

Не ни треба власт која арчи десетици милиони евра на спотови и споменици за да не убеди дека не сме тие што сме и дека ќе бидеме она што власта мисли дека треба да бидеме. Не ни треба власт која зборува за национално единство, а создава нови национални и верски расколи. Не ни треба власт зад чие родољубие се крие себељубие, слабољубие, среброљубие и властољубие.

Почитувани граѓани и граѓанки на Европска Македонија!

Нашата борба е борба за граѓанско единство изградено врз принципи кои ги надминуваат етничките страсти. Нашата борба е за демократско општество, во кое носител на суверенитетот ќе биде граѓанинот, а не етничките, верските и партиските колективитети контролирани од вождови. Тие владеат со нас така што наместо да градат мостови - копаат јазови.

Со срце и со ум придружете ни се на походот кон Европска Македонија!

Да живее Европска Македонија!

(објавен во Дневник, извор: Геро. Го објавувам текстот на мојот блог како еден вид на електронски потпис на овој манифест од моја страна. Со оглед на тоа дека иницијаторите се луѓе кои лично ги знам и многу ги почитувам, ја ширам пораката за граѓанско освестување со чиста совест и искрена желба за европска иднина)

Lego Turing Machine

30.01.2009.

(Видео)

Изеди до трошка
што небото дало
пополни ги сите
резерви на сало
пат во Европа
провинциска слава
со см’кнати гаќи
и опинок на глава
Дремеж и досада
посилен од дрога, baby
купен молк и тишина
пострашни од војна, maybe
Ко да не сум одовде
не, јас никому не припаѓам
стојам отстрана и посматрам
и во ништо повеќе не верувам
Ѕид од празни зборови
меѓу нас
и она што е суштина
чекам истрел да те разбуди
чекам истрел кој ќе пресуди
Sieg Heil
Uber Makedonische
Heil Ubermakedoner

(c) Архангел, преземено од Литиум Рекордс.

06.01.2009.