Блогот на Јован :: blogzen

16.12.2006.

Тактика за Ирак

Подредено под: Глобализација, Политика и општество — Јован @ 10:59

Капетанот Тревис Патрикин и неговата инвентивна PowerPoint презентација (PDF) ја артикулираат потребата да се промени тактиката во Ирак. И тоа на многу пристапен и едноставен начин. Жално е единствено тоа што овој човек загинал на терен. Но проблемот кој го адресира е релевантен. Неопходно е да се постигне одржлив мир кој долгорочно би промовирал демократија. А не обратно. Повеќе на сајтот на ABC.

29.8.2006.

Сушиманија

Подредено под: Општа, Глобализација, Претприемништво — Јован @ 14:37

После многу фалениот тајландски ресторан во Прилеп, Скопје го доби својот прв суши бар. Искрено, ова е една од моите омилени работи, до сега резервирана само за посетите во другите земји. Пофалба за претприемничкиот дух!

21.5.2006.

Лејмери

Неколку изјави во последниве седмици кои најубаво го отсликуваат дефетизмот и апологетскиот пристап кон реформите:

  • Па и ние кога ќе можеме да влеземе во ЕУ, таа ќе биде веќе распадната
  • ЕУ е во голема криза, дали повторно ќе го одиме патот со неизвесен исход
  • ЕУ не сака проширување
  • Франција на референдум ќе гласа против Македонија

Или со еден збор: мамо ме мрзи!

И еден одличен одговор од нетипично место:

  • Јас не би бил толку сигурен дека ЕУ би се распаднала, особено имајќи ги во предвид економските интереси и заедничкиот пазар кој е од корист за сите во Унијата (Љубчо Георгиевски)

Зошто да учам кога може да не се вработам. Зошто да работам кога може да не добијам плата. Зошто да патувам кога може да седам дома. Зошто да читам книга кога може да го видам филмот. Зошто самиот пред себе да одговарам за мојот избор и глас кога можам да го обвинам некој од омилените негативци.
Побогу не е ни битно дали ќе влеземе во ЕУ ако си ја средиме државата!

17.3.2006.

Не се сели во Холандија ако не си либерал…

Подредено под: Глобализација, Политика и општество — Јован @ 10:25

Камерата се фокусира на двајца хомосексуалци кои се бакнуваат во парк. Малку подоцна, топлес девојка излегува од морето и шета низ преполна плажа. За апликантите имигранти во Холандија, овој филм е тест за нивната спремност да ја прифатат либералната Холандска култура.

Ако не можат да го „сварат“ овој 105-минутен филм, препораката е да се откажат од аплицирање.

Без разлика дали е филмот навредлив за нивата култура, апликантите добиваат копија која мора да ја изгледаат пред да започнат со другите тестови.

Холандскиот теолог Карел Штеенбринк го критизира филмот тврдејќи дека тој е длабока навреда за секој ортодоксен муслиман.

Авторот на филмот Валтер Говерде вели: “Со целиот респект кој го имам за сите религии, сметам дека луѓето е потребно да разбират дека Холандија има своја либерална страна.

23.2.2006.

ЦЕФТА - поволна бизнис клима на Балканот…

Требаше да ги обучам моите македонски вработени, па шест месеци однапред побарав визи за десетмина работници да дојдат на обука во мојата фабрика во северна Италија, но не беше можно. Ова е неприфатливо.
Алдо Фумагали, бизнисмен / Повеќе - BBC

18.11.2005.

Махатма - македонски антиглобалистички е-зин

Подредено под: Глобализација — Јован @ 9:15

Махатма е списание на невладината организација Магна Карта. Сајтот е хостиран на мој сервер - чисто ради информација за оние кои се сомневаа дека сум ултра-глобалист emoticon.

6.11.2005.

И Париз е Балкан!

Подредено под: Глобализација, Политика и општество — Јован @ 22:40

Француските немири се надвор од контрола. Потомците на бившите потчинети и робови, потоа економски азиланти сега го поставуваат прашањето - „што е со нашата иднина“ - и тоа на прилично насилен начин.

Еве на пример, и Франзуците си доживејаа САД да издаде предупредување до нивните граѓани за претпазливост:

 "Although the riots have occurred in areas not normally frequented by U.S. tourists, travelers should be aware that train travel from the Charles de Gaulle Airport to the city center may be disrupted at times, as it passes near the affected area," according to the announcement, dated Friday. (CNN)

А кај е Балкан, таму и Македонија како најсветол пример на мирно разрешување на конфликти… Па просим лепо сите во Версај па да свиткаме еден рамковен. Го предлагам Киро Глигоров за главен медијатор помеѓу „младите бунтовници“ од Магреб и претставниците на една-нација-една-држава концептот на Петтата република…

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.