Помина времето на тоа кој направил повеќе мегахерци, коњи, вати. Сега е битно колку е нешто едноставно, удобно, симпатично, лесно… Корисниците не сакаат сирова снага, туку комплетно искуство.
Следат правилата, според Андреас Фајфер од ACM:
1) Повеќе опции - полошо.
2) Не ги поедноставувате работите со додавање на можности.
3) Збуни го корисникот за да го загубиш.
4) Стилот е битен
5) Само опциите кои нудат добро корисничко искуство ќе бидат користени.
6) Сите опции кои бараат читање на упатство ќе бидат користени од многу мал процент на корисници.
7) Неискористените опции не се само бескорисни, тие може да го попречат едноставното користење.
Корисниците не сакаат да размислуваат за технологијата. Она што е битно е како влијае на нив и како може да се искористи.
9) Заборавете за убиствените можности. Фокусирајте се на убиственото корисничко искуство.
10) Помалку е потешко, заради тоа помалку е повеќе.