Блогот на Јован :: blogzen

21.7.2005.

Со микробранови против толпата

Подредено под: Воена технологија — Јован @ 19:17



microwave gun

Originally uploaded by jpetrov.

Американска компанија ги привршува тестовите за новото оружје против толпи - микробранов зрак со фреквенција од 95 GHz. Луѓето кои се сложиле да учествуваат во тестот тврдат дека болката која се чувствува е реална и инстиктивно ги тера во бегство. Сеуште нема јасни одговори дали е (теоретски) можно оштетување на очите од евентуални експлозии на леќи и наочари, дали луѓето кои имаат метални делови или уреди (како бајпас) имаат мака од зракот и конечно дали луѓето кои не може да се тргнат од зракот заради било која причина е можно да имаат трајни последици. Сигурно е тоа дека оние кои носат метални парички во џебот ќе добијат доживотно сеќавање од протестот (заради тоа е забранет металот во микропечка). Веќе било потврдено дека во 2006 ова оружје влегува во редовна употреба во Ирак…

Мое прашање: Дали сте го гледале Војна на световите? ;)

 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.