Блогот на Јован :: blogzen

6.8.2006.

Звучен тест…

Подредено под: Интересно, Геџети — Јован @ 8:53

Кликнете на следниов линк. Тоа е ring-tone (mp3) за мобилни на средношколци кои не сакаат да го почитуваат правилото на исклучен телефон. Во тивка средина дури и вибрациското ѕвонење произведува јасно препознатлив звук. Теоретски овој ултрасоничен звук би требало да се слуша (во просек) до 25 годишна возраст. Има отстапувања, но генерално средовечните професори не можат да го препознаат овој звук. Кликнете и тестирајте го Вашиот звучен опсег. Линк кон оригиналната сторија на NPR. Официјалниот сајт за рингтонот е достапен овде.

(ХИНТ: Имате проблематичен комшија, куче кое Ве буди цела ноќ, тинејџери кои прават бука??? :))

7.2.2006.

Мобилните телефони не се унифицираните уреди на иднината…

Подредено под: Општа, Геџети — Јован @ 23:06

Со еден мој пријател пред некој ден разговаравме за напредокот на мобилната телефонија и интегрирањето на фото и АВ можности во нив. Тврдеше дека ќе дојде ден кога нема да има потреба од видео камери, фотоапарати, мп3 плејери, џебни видео плејери и конзоли.

Јас, нели, му се спротивставив. Со многу едноставно прашање - „снимаш еден битен настан, и на средина ти ѕвони некој… Што ќе се случи со телефонот и дали ќе го прекине снимањето?“. Телефонските уреди се тоа - уреди за лична комуникација. Со третата генерација ќе овозможат и мобилна видеофонија. По пат ќе може да фатите и некоја интересна фотка или клипче… Но никогаш и ништо нема да ги замени специјализираните уреди. Бидејќи секој уред си има своја специјалност во која е најдобар. И така едноставно треба да биде.

Единствениот универзален уред кој успеал да се пробие на пазарот и да остане таму е компјутерот. И исто така, тоа уште долго време нема да се повтори.

Што се однесува до мене… Имам Сони Ериксон Т210и кој не планирам во нареднава година-две да го променам, фала на прашање. Можам да комуницирам, можам да користам СМС, и „злу не требало“ можам да пристапам на мојот мејл. Не сум љубител на рингтонови („сајлент моуд“), клипови и слични сваштарии. Уште повеќе целата скаламерија со „жабата“ и „шешељ у хагу“ ми изгледа искрено како еден голем заговор на моби-компаниите и нивната сервисна индустрија. Сметам дека за десетина години ќе ни се смеат што сме се обидувале да си праќаме пораки за скапи пари и да играме „игрици“ на проклети слушалки…

Толку за универзалните мега-геџети. :)

6.2.2006.

Не плаќајте за ринг-тонови…

Подредено под: Општа, Геџети — Јован @ 22:33

… вашиот мобилен телефон може да го наполните и самостојно. Всушност сите ринг-тон сервиси се за луѓе кои не знаат или не сакаат да се занимаваат со малку „хакерај“. Одлично кратко упатство на Wired за мобилни кои репродуцираат mp3 фајлови. Линк

23.1.2006.

Сони ЧитачTM

Подредено под: Книги, Геџети — Јован @ 14:27

Sony Reader е она што сите го чекавме. Квалитетен и лесен начин за читање на е-книги. Ги надминува негативностите на LCD технологијата (особено заморот заради вештачкото осветлување) и користи нова е-Инк (е-мастило) технологија која по народски е хартија со динамична содржина. Повеќе на сајтот на Sony, Wired Magazine и CNET.

Овој производ го има потенцијал да биде геџет на годината во наредните неколку години…

(оглас) Продавам безжичен рутер…

Подредено под: Интернет, Геџети — Јован @ 11:38

…ај малку комерцијала. Linksys WRT-54G (со доволно РОМ меморија да вчитате OpenWRT или сличен систем по желба), стар нешто повеќе од половина година, во исправна состојба и со над 2 години преостаната гаранција. Користен е во затворен простор и е во исклучително добра состојба.
Уредот може да се користи и како рутер и како access point, а со помош на додатен софтвер поддржува и управување со квалитет на услугата и може да се користи за градење на градски безжични мрежи.

Информации: Линксис, Логин системи.

Понуди за откуп праќајте на следниов мејл. Огласот е отворен се додека не добијам фер цена.

6.1.2006.

Blackberry

Подредено под: Општа, Геџети — Јован @ 1:24

blackberry
Прво, мора да се сложите дека пишувањето пораки на мобител е помалку интуитивно дури и од обид за „пробивање“ на шифра на ланец за велосипед. Повеќекратно временски ограничено притискање на микроскопски копчиња произведува грди реченици, без соодветен правопис, граматика, со многу грешки. Крајно иритирачки.
Американците сепак се лидери во корпоративниот пазар на размена на пораки. Нивниот Блекбери со интуитивна тастатура не само што се користи за размена на пораки, СМС-ови и ММС-ови, туку претставува подвижен клиент за е-пошта и интернет кој може да се користи во на било која мобилна мрежа во светот. Повеќе на нивниот сајт.

2.1.2006.

Најдобрите геџети според Wired

Подредено под: Геџети — Јован @ 8:24

Помеѓу другите: iPod Video, XBox 360, PSP и други. Повеќе

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.