Блогот на Јован :: blogzen

11.10.2006.

Двојно побрз ADSL?

Подредено под: Интернет — Јован @ 10:30

Иако на сајтот на МТНет нема никакви промени, од пред неколку дена мојот МаксАДСЛ „вози“ на 1Mbps/256kbps. Зголемувањето е значително видливо особено при аплоуд кој до сега беше на скромни и далеку од бродбенд 128kbps. Прво се надевам дека ова не е техничка грешка, т.е. дека може да очекуваме брзина која е стандард во Европа за домашни корисници и која се мери барем во мегабити.

Од тестирањето би потврдил дека успеав да постигнам 100 килобајти данлоуд, и 25 аплоуд. Да ја повторам мојата надеж дека лимитот ќе биде на ниво од барем 10 гигабајти. Се ближи крајот на договорниот период на многу корисници, па ќе видиме дали ќе бидат послушани.

14.9.2006.

Општо кон посебно…

Блогов има 627 поени на socialmeter.org (извор: Филип). Прашањето останува - дали мерењето на блог-социјализацијата е еквивалетна со real-life асоцијализацијата? Ако е така лошо ми се пишува…

Она што е битно да се каже е дека во сабота излегува компилацијата со неколку корисни програми на македонски плус една книга за ОпенОфис на македонски.

Интересно е тоа што Т-мобиле.ком.мк работи во php. За разлика од стариот сајт на Мобимак кој одеше на ASP.Net. Но тоа по се изгледа е избор на локалниот тим. На пример хрватскиот оди на олд-тајм ASP и Windows Server 2003, а германскиот и унгарскиот користат Sun Solaris плус некои (не-баш-евтини) CMS апликации. За разлика од нив американците си тераат на Windows 2003 + ASP.Net. Заклучокот е… не е до алатот туку до мајсторот.

Разгледувањето на нивните сајтови ми овозможи да забележам дека се многу педантни околу брендингот - сите имаат т-зони, релакс тарифи и слично. Во секој случај не само што останувам кај нив, туку и планирам наскоро да одам на постпејд.

Ќе пишував нешто и за институциoнална меморија, евро-интеграција, споделување на знаења, сигурност, вложување во експертиза. Ама гледам тие муабети во државава станаа аут. За тоа поарно ќе си ќутам.

26.8.2006.

Children’s Machine 1

Подредено под: Софтвер, Наука, Интернет — Јован @ 11:34

Тоа е официјалното име на проектот на МИТ / Николас Негропонте познат како „по еден лаптоп за секое дете“ наменет за земјите во развој.

Прво со лошите вести, крајната набавна цена е 140 USD, што претставува 40% зголемување од почетниот „таргет“. Или во превод доколку овој лаптоп би се продавал на слободен пазар во Македонија би чинел околу 9 000 денари што би ги вклучувало сите трошоци (под услов да добие повластена даночна стапка - како школско помагало). Се очекува да се постигне точката од 100 долари по некое време, со помасовното производство.

Добрите вести, за среќа, се повеќе. Прво дисплејот со дијагонала од 8 инчи има фантастична резолуција од 1200 по 900 точки што го прави овој лаптоп многу употреблив за читање на електронски документи. Според оние што го тестирале дисплејот одлично се однесува при изложување на дневна светлина. Исто така процесорот (AMD Geode) наместо 366 ќе биде со брзина од 400 МHz. Лаптопот ќе доаѓа со 128 Мегабајти РАМ и со специјална верзија на Линукс која работи одлично на оваков тип на машини. За запишување на податоците и документите наместо хард диск тука е 512 Мегабајтната флеш меморија. Новост е тоа што лаптопот ќе содржи SD слот, што со константно паѓачките цени на мемориите општо вклучувајќи го и SD како еден од фаворизираните типови на модули за дигитални фото-апарати ќе значи:

  1. Едноставен начин да се пристапи до дигиталните фотографии
  2. Едноставен начин за размена на поголеми пакети на податоци помеѓу два компјутера
  3. Едноставно зголемување на капацитетот на „хард дискот“

Новости се и додадените влез за микрофон и излез за слушалки, што се поврзува со идејата за бесплатен VoIP телефонски систем помеѓу сите иматели на овакви компјутери. Исто така веќе постои вградена видео камера која ќе може да се користи за фотографирање, снимање на клипови или онлајн видео-конференција. Не знам за вас, но мене ми мириса на „учење на далечина“.

Корисничкиот интерфејс организиран околу Sugar е веќе финиширан а како изгледа можете да видите на следнава слика (стартуван на обичен PC со Fedora Linux):
Шугар

Како што може да се забележи неговата намена е во колаборативното учење, меѓусебната комуникација и заедничкото совладување на наставните планови со помош на интерактивни технологии и интернет.

Да не заборавиме дека овие лаптопи содржат и интерфејс за безжично вмрежување (како инфрастуктурно со пристапни точки и рутери, така и ад-хок мрежи помеѓу самите лаптопи). Веќе се говореше за безбројните апликации кои се можни (пример - комјунити шеринг на интернет пристап низ квартовите).

Интересен е фактот дека официјален word processor со овие лаптопи ќе биде AbiWord. Не е ни за чудење, со оглед на тоа дека OpenOffice.org не е баш најштедливиот софтвер на светот што се однесува за ресурси. Единствен проблем е тоа што немаме локализиран AbiWord.

Сепак, покрај се, Негропонте треба да се пофали за упорноста со која што го истурка овој проект. Во меѓувреме доби еден многу битен партнер - UNDP, кој има буџет и можност делумно да го помогне имплементирањето на овој концепт барем во некои пилот заедници. Поентата е во концептот.

Но од друга страна, за нешто повисока цена (и тоа не многу), човек може да си купи „марка“ Pentium III со 256Mb RAM и монитор. На кој може да врти или пиратски Windows XP или некој Linux (на пр. Ubuntu, Mandriva, Suse, Fedora). Добива многу поголема оперативна моќ, но губи на униформниот пристап, можноста да се носи компјутерот со себе и да се користи на час. Со оглед на тоа дека производната цена најверојатно ќе паѓа, сепак од оваа временска дистанца јас сепак би рекол дека CM1 има иднина, но дека наредната генерација (CM2) ќе биде вистински хит. За неколку години ќе почне да се релативизира границата помеѓу флеш мемориите и хард дисковите, па имањето на флеш меморија ќе биде предност.

13.8.2006.

ТВ преку интернет, со помош на P2P

Подредено под: Филмови и ТВ, Интернет — Јован @ 2:42

Прво, дисклејмер. Кој го посетувал редовно блогов знае дека не сум многу наклонет кон пиратеријата. Но од технички аспект, апликацијава е навистина инвоативна. И бидејќи сосема слободно може да се најде на Download.com тоа значи дека самиот софтвер сам по себе е легален (исто како што е легален и E-Mule на пример).

Значи TVU Networks е „кинеска направија“. Одлучиле луѓето да размислат како може да се поевтини дистрибуцијата на аудио-визуелни материјали. Во живо. И направиле сопствен Peer-2-Peer систем (сличен на Бит-торент и класиците Напстер и Казаа) но имајќи ја во предвид спецификата на живиот стриминг. Всушност компјутерите кои се поврзани на системот функционираат како мрежа на краткорочни бафери.

И резултатот е сосема оперативен начин на дистрибуција на ТВ во живо низ цел свет со минимален трошок во bandwidth на broadcast-ерите. Всушност и мрежата на пренесувачи е децентрализирана во прав дух на P2P. Она што зачудува е неочекувано добриот квалитет на стримингот (и аудио и видео) кој е на ниво на VHS. Со сегашнава точка на развој на глобалната ИП мрежа и имајќи во предвид дека корисниците во повеќето земји во развој имаат само базичен широкопојасен пристап (ниво на пола мегабит во секунда) ова е голем успех.

А кои телевизии може да се гледаат? Еден куп азиски. И неколку американски, помеѓу кои и ABC (читај Oprah, Очајни домаќинки…), HBO (читај добри филмови), ESPN (американски спорт), Disney Ch., Cartoon Network (цртани), CNN, Bloomberg и слично.

Нормално дека овој концепт многу брзо или ќе биде затрупан со тужби или ќе оди како легален сервис со претплата (според сајтовите, ми мириса на втората опција). Но сепак треба да се оддаде почит кон луѓето кои пристапиле кон стримингот на нов и поинвентивен начин.

Не викам сечи кабелска, фрлај сателитска. Треба време. Здравје боже, еден ден за едно 5-6 години ќе може да си купите ИПТВ рисивер кој преку Вашиот домашен фајбер-ту-хоум рутер ќе Ви нуди огромен избор на програмски содржини (класични но и Video on demand). И освен локална понуда агрегирана од операторот ќе видиме еден нов вид на медиумска централизација (пристап до самиот извор) со употреба на крајно децентрализирана архитектура на дистрибуција. Нели под услов да не пројдат предлозите за приоретизација и стратификација на ИП сообраќајот предводени од Cisco. Но тоа е еден сосема друг муабет.

Своевиден парадокс поврзан со самата P2P архитектура е што за разлика од класичниот стриминг, TVU Player овозможува зголемување на квалитетот на „приемот“ со бројот на гледачи на истиот канал. Значи колку повеќе луѓе го гледаат каналот толку помалку проблеми и застои ќе има истиот. Класичниот клиент-сервер концепт гарантира сигурно загушување на серверите по n посетители (каде n е мал конечен број - ете блого-лимес :)).

На крај, линковите:

Уште една напомена: софтверот го пробав, пуштив по неколку минути од најбитните неколку канали. На МТНет домашниот АДСЛ (512kbps) оди без никаков застој (по првите 15-тина секунди). Но со сегашново ограничување од 4 GB - кратка проба е се што е реално можно. Имајте во предвид дека како и сите П2П софтвери со кликањето на X софтверот само се минимизира. Одберете екплицитно Exit за да го зачувате Вашиот bandwidth.

Анализирајќи ги целните публики кои дури и во оваков квалитет би го користеле софтверот би можел да издвојам неколку типа на корисници:

  • бизнисмени кои на работа би имале пристап до Bloomberg, CNBC, BBC, Sky News, CNN, Euronews…
  • гледачи на спортски програми кои не се достапни на локалните канали
  • луѓе кои немаат класичен телевизор во собата (пр. деца - Cartoon, Disney), студенти и слично
  • технолошки авантуристи

Нормално, има 2 услови - првиот го исполнуваме, а вториот не. Брз пристап (кај мене се покажа ок) и неограничен интернет. :(

Инаку не правев тестови за потрошувачката - па ако измерите - пишете коментар.

Како специфика - можно е некој од Вас да се пријави и за broadcaster (ако има доволно bandwidth). На пример по некогаш ја гледам на листата и ТВ Пинк. Ете уште еден начин за промовирање на Македонија и овозможување на поедноставен пристап до информации од страна на иселениците. Само што е малку пиратски :)

Воедно најавувам уште еден текст поврзан со РТВ проблематиката - наредниот викенд.

9.8.2006.

Еротоманија

Подредено под: Интересно, Блогови, Интернет — Јован @ 17:23

Гледам неколку блогери последниве денови како интензивно ја препорачуваат Anelia. Во споредба со мачните муабети на блогосферава наша малечка, одлучив да ја поддржам со пост како квалитетна алтернатива за овие топли денови. Сето тоа проследено со една пригодна песничка, Френки оди во Холивуд со „Relax don’t do it:)

Наф сед, дабл пи ај ем пи, риспект!

27.7.2006.

French Dreams…

Подредено под: Интернет — Јован @ 9:34

Dans un communiqué de presse de France Télécom, nous apprenons que l’opérateur historique a lancé une expérience pilote en matière de fibre optique (Fiber To The Home). Cette expérience est conduite dans certains arrondissements parisiens, ainsi que dans cinq villes des Hauts de Seine. Le raccordement concerne une centaine de clients, et utilise la technologie GPON, c’est à dire sans aucun équipement actif - comme un routeur par exemple. Selon France Télécom, cette technologie permettrait des débits de l’ordre de 2,5 Gbits/s en flux descendant pour 1,2 Gbits/s en flux montant, soit respectivement 400 Mo/s et 150 Mo/s environ. L’expérience pilote coûte 70€ par mois, et est proposée, comme il est de bon ton désormais, avec la téléphonie illimitée, ainsi que la télévision numérique. Link

Или во превод - Франс Телеком за 70 евра месечно нуди оптика до дома, брзина 2.5 ГИГАБита во секунда, бесплатни телефонски разговори и пакет на дигитална ТВ (како кабелска).

24.7.2006.

Интернет пред 10 години

Подредено под: Интернет — Јован @ 14:51

Ми текнува на неколку графички станици во ЕТФ (дел HPUX/Motif, дел Sun) преку кои можеше со помош на NCSA Mosaic (а потоа и Netscape) да се пристапи до интернетот. Но и да се немаше среќа, тука беа Digital и IBM текстуалните терминали со соодветна верзија на Unix, кои доаѓаа освен со фамозниот едитор vi, и со текстуалниот веб прегледувач lynx (на кој сеуште му наоѓам примена). Најинтересен ми беше Amazon кој и во тоа време имаше обилна колекција на книги. Hotmail не беше дел од Мајкрософт. Еве еден сајт кој прикажува неколку типични сајтови од тоа време. Исто така се сеќавам дека во тој период присуствував на одбрана на дипломска со наслов „HTML веб технологија“ - со директно јавување на провајдер во Словенија.

Но интернетот во Македонија беше достапен и пред протоколот за пренос на хипертекст. Телнет, FTP, е-пошта, Гофер (претходникот на http) - сето тоа функционираше преку пакетната X.25 мрежа достапна во повеќе државни институции и преку дајл-ап со една единствена линија и брзина од 1200 bps - 500 до 1000 пати поспоро од денес (преку во универзитетската библиотека - НУБСК). Освен тоа имаше и неколку постари Битнет сервиси помеѓу кои и текстуалниот Битнет рилеј чет. Но за тоа многу повеќе на следниов линк.

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.