Блогот на Јован :: blogzen

26.8.2006.

Children’s Machine 1

Подредено под: Софтвер, Наука, Интернет — Јован @ 11:34

Тоа е официјалното име на проектот на МИТ / Николас Негропонте познат како „по еден лаптоп за секое дете“ наменет за земјите во развој.

Прво со лошите вести, крајната набавна цена е 140 USD, што претставува 40% зголемување од почетниот „таргет“. Или во превод доколку овој лаптоп би се продавал на слободен пазар во Македонија би чинел околу 9 000 денари што би ги вклучувало сите трошоци (под услов да добие повластена даночна стапка - како школско помагало). Се очекува да се постигне точката од 100 долари по некое време, со помасовното производство.

Добрите вести, за среќа, се повеќе. Прво дисплејот со дијагонала од 8 инчи има фантастична резолуција од 1200 по 900 точки што го прави овој лаптоп многу употреблив за читање на електронски документи. Според оние што го тестирале дисплејот одлично се однесува при изложување на дневна светлина. Исто така процесорот (AMD Geode) наместо 366 ќе биде со брзина од 400 МHz. Лаптопот ќе доаѓа со 128 Мегабајти РАМ и со специјална верзија на Линукс која работи одлично на оваков тип на машини. За запишување на податоците и документите наместо хард диск тука е 512 Мегабајтната флеш меморија. Новост е тоа што лаптопот ќе содржи SD слот, што со константно паѓачките цени на мемориите општо вклучувајќи го и SD како еден од фаворизираните типови на модули за дигитални фото-апарати ќе значи:

  1. Едноставен начин да се пристапи до дигиталните фотографии
  2. Едноставен начин за размена на поголеми пакети на податоци помеѓу два компјутера
  3. Едноставно зголемување на капацитетот на „хард дискот“

Новости се и додадените влез за микрофон и излез за слушалки, што се поврзува со идејата за бесплатен VoIP телефонски систем помеѓу сите иматели на овакви компјутери. Исто така веќе постои вградена видео камера која ќе може да се користи за фотографирање, снимање на клипови или онлајн видео-конференција. Не знам за вас, но мене ми мириса на „учење на далечина“.

Корисничкиот интерфејс организиран околу Sugar е веќе финиширан а како изгледа можете да видите на следнава слика (стартуван на обичен PC со Fedora Linux):
Шугар

Како што може да се забележи неговата намена е во колаборативното учење, меѓусебната комуникација и заедничкото совладување на наставните планови со помош на интерактивни технологии и интернет.

Да не заборавиме дека овие лаптопи содржат и интерфејс за безжично вмрежување (како инфрастуктурно со пристапни точки и рутери, така и ад-хок мрежи помеѓу самите лаптопи). Веќе се говореше за безбројните апликации кои се можни (пример - комјунити шеринг на интернет пристап низ квартовите).

Интересен е фактот дека официјален word processor со овие лаптопи ќе биде AbiWord. Не е ни за чудење, со оглед на тоа дека OpenOffice.org не е баш најштедливиот софтвер на светот што се однесува за ресурси. Единствен проблем е тоа што немаме локализиран AbiWord.

Сепак, покрај се, Негропонте треба да се пофали за упорноста со која што го истурка овој проект. Во меѓувреме доби еден многу битен партнер - UNDP, кој има буџет и можност делумно да го помогне имплементирањето на овој концепт барем во некои пилот заедници. Поентата е во концептот.

Но од друга страна, за нешто повисока цена (и тоа не многу), човек може да си купи „марка“ Pentium III со 256Mb RAM и монитор. На кој може да врти или пиратски Windows XP или некој Linux (на пр. Ubuntu, Mandriva, Suse, Fedora). Добива многу поголема оперативна моќ, но губи на униформниот пристап, можноста да се носи компјутерот со себе и да се користи на час. Со оглед на тоа дека производната цена најверојатно ќе паѓа, сепак од оваа временска дистанца јас сепак би рекол дека CM1 има иднина, но дека наредната генерација (CM2) ќе биде вистински хит. За неколку години ќе почне да се релативизира границата помеѓу флеш мемориите и хард дисковите, па имањето на флеш меморија ќе биде предност.

23.2.2006.

Јагленот - нечист извор на енергија

Подредено под: Наука — Јован @ 16:03

Имавме една мала дебата со аНТИ околу нуклеарките… Еве во меѓувреме што ископав околу тоа колку е поштетен јагленот во однос на нуклеарните електрани:

Интегралниот текст на ова истражување.

Не знам дали е јавно познато, но наскоро под германски патронат во Косово ќе се гради огромен комплекс за производство на електрична енергија врз база на јаглен. Исто така во 1998 г-н Тупурковски имаше иницијатива за процесирање на грчки јаглен во РЕК - кој е изразито радиоактивен.

Следи заклучокот дека нуклеарките се најчистиот извор на електрична енергија. Уште еден доказ е фактот дека во моментов постојат над 30 нарачки за изградба на нови електрани низ САД, Канада, Јапонија, ЕУ (вклучувајќи ја бугарско-македонската Белене) и др.

12.2.2006.

Топчеста молња

Подредено под: Наука — Јован @ 3:02

Ball of lightning или гром во облик на топка е една од најинтересните но и најстрашните појави во природата. Најпознатиот случај во Македонија е дефинитивно ударот на една оваква молња во дрвото под кое стоеле повеќе верници во Струмичко. Мислам дека се работи за период од пред 13-14 години. Имаше смртни случаи (за жал). Иако немаше официјална сторија повеќето искази беа слични (светлечка топка се појави од никаде и удри во дрвото).

Иако научно овој феномен е докажан, сепак до пред малку не можеше да се реплицира во лабораторија. Но погледнете го следниов видео-клип (wmv ~600 KB). Снимен е во лабораторија во Израел. Во природата се движат без предвидлива патека. Крајната цел им е успешно да се испразнат.

Со оглед на незанењето во текот на човековиот развој оваа појава е често протолкувана како небесна интервенција. Голем број на НЛО појави исто така се можеби оваков природен феномен (иако овие топки се движат прилично блиску до земјата). Кој сака да чита - еве повеќе за самиот феномен на Википедија. Текстот за научниот успех во израел е достапен на следниов линк. Текстот е напишан со помош на БоингБоинг.

26.11.2005.

Прекрасниот свет на физиката

Подредено под: Наука — Јован @ 18:21

БоингБоинг објавија линк кон исклучително опсежен и сеопфатен учебник по физика од кој многу може да се научи за светот околу нас.

Линк 

18.11.2005.

150 години од раѓањето на Тесла

Подредено под: Наука — Јован @ 9:06

Croatia is planning a big blowout for the 150th anniversary of the birth of my hero, Nikola Tesla.

Link  (BoingBoing)

15.11.2005.

Докази за фетусни ќелии во мозокот на мајката

Подредено под: Наука — Јован @ 0:51

Не само што има докази дека определени ќелии навлегуваат во мозокот на мајките, туку и дека се припојуваат на нервниот систем на мајката и остануваат таму барем пола животен век. И не само тоа - оваа извонредно интересно откритие најверојатно ќе помогне во третирањето на „модерните“ болести на мозокот како Алцхајмер бидејќи нудат можност за навлегување во мозокот и негово регенерирање. Еве уште еден доказ зошто жените кои родиле деца (особено во подоцнежниот период) статистички живеат многу подолго. Повеќе: Scientific American

8.11.2005.

Наноцевки против ракот

Подредено под: Наука — Јован @ 1:11

Овој одличен концепт го сретнувам по втор пат. Наноцевките беа основната идеја за изградба на лифт до космосот. Во ова издание на „неверојатните авантури на наноцевките“ тие го спасуваат светот од подлата болест со помош на самоубиствени напади:

Balaji Panchapakesan likes to leave innocuous packages lying around, then detonate them remotely, killing any victims who are near the blast. No, he’s not an Iraqi insurgent — he’s an engineering professor at the University of Delaware, and his bombs are carbon nanotubes. His explosions are on the nanoscale, and his victims are cancer cells. His idea that nanobombs can fight cancer in a cell-by-cell war of attrition has been effective in petri dishes.

Извор: Wired

Видео

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.