Блогот на Јован :: blogzen

4.12.2005.

За мувлата, парадоксите, алхемијата… и рибата

Подредено под: Политика и општество, Авторски текстови — Јован @ 2:27

Корупцијата е мувла. Општествена.

Корупцијата се јавува сама од себе. Таа постои во етерот. Секој од нас е контаминиран од мувлата. Никој не ја измислил корупцијата. И пред да постојат парите, имало корупција - како што имало и мувла.

Потребен е застоен лепливо-влажен воздух, општествена безидејност emoticon, смрдеа, конформистички единки emoticon, конзервативизам emoticon, неиницијативностemoticon, мрзеливост emoticon, дефетизам emoticon за мувлата да пронајде пригоден простор за растење.

Постои корисна мувла - пеницилин. Не постои општо корисна корупција, но сепак многу пати е лично корисна. Парадокс на пеницилинот е кога ќе те пикнат во затвор иако 500-те евра што си ги зел биле корисни сами по себе.

Определени видови на мувли се халуциногени. Вклучувајќи ги и сите видови на корупција. 

Корупцијата создава чувство на неправда emoticon. Кај оние на кои им е криво што не може да ја искористат. Сите заклучуваат дека би било убаво кога не би мувлосувало општеството, но никој не се зафаќа да го исчисти, а и да има некој храбар - го тргаат, оти премногу се научени да живеат - со мувлата. 

Мувлата е вистинскиот едношалтерски систем во Македонија! 

Корупцијата е вон-пазарна категорија која сепак може да има цена.  Корупцијата исто така има и посебни способности - нематеријални работи да претвора во предмети и финансии. Со тоа еуристички докажав дека корупцијата има алхемиски карактеристики!

Мувлата е магична. Таа го создава Вашиот прв милион. Натаму терате легално. И криете дека мувлата Ви помогнала. По некое време почнувате да ја сонувате… на сон - како хорор приказна, како се појавува од Вашите папки, како ја загледуваат, како ви расте на главата и сите Ви се смеат. Одеднаш - иако легални (по првиот „мувлосан“ милион) Вие сте повторно параноични emoticon и несреќни. Ова е познато како парадоксот на новобогаташите.

Сите ние сме мувлосани. Некои си го признаваат тоа некои не. Еве јас отворено кажувам со овој текст - АЈ ЕМ СИК ЕНД АЈ ЕМ МУВЛОСАН! (Груп хаааг!emoticon). Среќен сум што го изјавив ова. Бидејќи со тоа се префрлив во втората фаза на општествено самосознание и покајание. Чекорите одат:

1. КОНФОРМИСТ emoticon: Ти и сите околу тебе се во кал. Никој нејќе да го признае тоа. Гадно е, ама барем сте сите заедно. Има ли посреќни луѓе од конформисти во кал?

2. ПИСКАРАЛО emoticon: Се обидуваш да ги убедиш сите дека се во кал. Не ти веруваат. Те изолираат. Несреќо блогерска!

3. ИДЕАЛИСТ emoticon: Излегуваш од калта и се обидуваш да ги извадиш сите од калта. Успешни примери од оваа класа немам видено - барем не живи и среќни. Повеќето ги има голтнато… Калта нели :)

Има и алтернативни можности: 

  • ГАСТАРБАЈТЕР emoticon: Те мрзи да се нервираш со целата работа, Се пакуваш и си одиш. Ако одиш во македонско гето, си носиш малку калца со тебе, да можеш таму да си „преткаш“ да ти биде како дома. Ако се „минглуваш“ со бојлинг-потот сајонара брате!
  • ЕКСПЕРТ emoticon: Знаеш дека се сите во кал, ти знаеш како да ги извадиш, ама не те сака дворот. Ако барем академијата е тука.

Се бараат 2-ки кои ќе станат 3-ки. Се друго нека оди во калта!

Кај е рибата ќе речете? Не Ванда, туку онаа од насловот. Тука е. Прашањето е - дали главата мувлосува наеднаш… Или таа дошла на тронот мувлосана - како и сите други делови на рибата? Светата тајна на мувлатае дека напаѓа од долу. Што би рекле моите НВО колеги ботом-ап. Долу има повеќе кои сакаат услуги од горе. Впрочем и тие горе биле изложени на влијанието на мувлатапред да отидат таму. Главата е заразена пред да дојде на власт! Корупцијата се генерира антигравитациски - обратно од сите генерални разбирања за неа! Горе само иде до замав - заради непроветреноста на просториите. А кој може да се бори против прочуените халуциногени дејства кога и самата мувла ве убедува дека Вие не сте криви за неа? Имаш кец? Доби спортска? Еј уште да ми завршеше една работа, брат…

25.9.2005.

Го блокираа автопатот….

Подредено под: Политика и општество, Наука, Авторски текстови — Јован @ 17:02

Петок, делницата на автопатот од Скопје кон Велес, околу 14 часот, на местото каде што нормално минувам со троцифрен број на километри на час - блокада! Селаните (со право) се бунат заради тоа што многу тешки камиони за да ја избегнат патарината влегуваат во нивното село и „буквално“ убиваат деца. Но не со право - го блокираа автопатот, изнервираа еден куп недолжни луѓе, заглавија две три коли на брза помош, и со мои очи, изиритираа еден куп странски бизнисмени кои „со задоволство“ ја сликаа со своите дигитални апарати „поволната бизнис клима - да не речам скоро е-бизнис клима“ во Македонија…

Предлог за решение:

RFID (посети го линкот!) е технологија која влезе веќе во втората, продукциска фаза. Се работи за мини чипови по цена од 50-тина центи од парче кои емитираат кодиран сигнал со определени податоци. Се користи на пр. за следење на магацински влезови и излези, кражби од продавници и супермаркети и слично. Предноста на масовното производство е во исклучително ниската цена. Чиповите кои ги читаат RFID сигналите исто така се произведуваат масовно, па и нивната цена е сведена на едноцифрена сума на долари.

Мислев како може поефикасно да се реши проблемот со патарините, па ми текна - зошто не да се вгради по еден таков чип во пластиката на секоја табличка.  Но - најверојатно не сум јас најгенијалниот човек на светот па да ми текне нешто такво, па пребарав - и испадна дека една англиска фирма веќе тоа го прави - одлично! Уште повеќе Википедија го дообјаснува моделот на својата страница за електроснка наплата на патарини.

RFID tollЕ сега, како функционира тоа? Едноставно се става во секоја сообраќајна таблица, и се ставаат читачи на RFID покрај самите места за наплата, т.е. колите си возат непречено и без намалување на брзината, а апаратурата ги отчитува податоците и ги прибира, па на први, сметка молим!

Има неколку финти. Прво, со помош на определени едноставни механизми може многу едноставно да се фотографираат табличките кои не емитираат сигнал, т.е. чии газди намерно ги оштетиле.

Да не влегувам во детали - има решенија на сите зошто и како што ми текнаа. Приватноста, ако сака МВР, може да биде многу висока. Втората генерација кодира со најнапредните алгоритми. Второ може да се генерира псевдо-случаен број што значи дека тешко кој ќе може да „навлезе“ во системот. Системите би користеле GPRS/UMTS/WiMAX за пренос на податоците до централниот регистар кој би водел сметка за се.

Што би значело тоа? Елиминирање на сите патарини, наплата на фер основа (кој користи тој плаќа), елиминирање на „финтите“ и „финтаџиите“ и конечно елиминриање на корупцијата на наплатните рампи - нешто што најмногу ме нервира… А за селаните што ме блокираа? Секоја табличка која не потекнува од селото а која минува по тој пат едноставно ќе си плати исто толку пари како и да мине по самиот автопат.

Освен тоа тешките возила и онака наскоро ќе мораат да монтираат GPRS+GPS уреди како дел од уредбите на ЕУ.

Од нетехничките решенија, најверојатно ќе треба да се сменат некои закони и подзаконски акти за да се овозможи овој тип на напредна наплата.

Но она што ме фасцинираше е тоа што ова решение не завршува на патарините. Еве за што се друго може да се искористи:

  • Во иднина определени мостови, тунели, делници ќе се издаваат под концесија. Замислете си рампи на секое парче приватен пат? А замислете си на колку едноставен начин би се решило се со помош на оваа технологија?
  • Вообичаено во градовите кои имаат проблем со сообраќајот во централното градско подрачје - локалните самоуправи уредуваат давачки за влез во центарот, особено во определени периоди. Проблемот е решен со оваа технолгија.
  • Наплата за паркинг. Може буквално да се постави цена за секое парче паркинг во било кој дел од градот. Со оваа технологија - проблемот е решен.
  • Наплата на патарина и други давачки за транзитните возила. Едноставно - на влез му лепиш една етикета со вграден чип, на излез му ја одлепуваат и просим лепо douane!
  • Сега веќе станува интересно… Преминуваш црвено светло, уредот те регистрира. Може ради додатен ефект и еден амфас, профил, за илустрирана сметка на први.
  • Сега веќе забегуваме…. Се поставува серија на читачи на определен интервал. Со помош на определен софтвер, временските разлики на отчитувањето на сигналот од определено возило може едноставно да се претворат во брзина на возилото, па ако пречекорило, еден амфас, профил, па цела фото галерија на први.
  • И конечно - од ова позабегано само Minority Report. На барање на судот нечие алиби се проверува со помош на трасата регистрирана од страна на читачите.

Ако забележувате од муабетов, казнената функција за определени сообраќајни прекршоци може среднорочно да се преземе од сообраќајците директно на овој систем. Кој би работел непрекинато, без спиење, без замижување… И без врски.

Ух… најверојатно ќе ме праша некој за кого навивам, за нив или за мечката… Ве разбирам, во држава во која едно национално радио има емисија која ги предупредува возачите кај има радари, во земја во која 30 денари на „рампашот“ или кондуктерот се почесни од плаќањето на карта / тикет - кој би чинел многу помалку ако го наплаќаа како што треба, во земја во која да се даде сигнал на колегата шофер дека во близина има полиција е благодорно нешто, во земја во која нормално е да се кинат казни и да се вози брзо ова е лудост еднаква на јавен повик да бидам линчуван! :)

Но замислете си го (идиличниот) свет во кој патарините се дупло поевтини заради тоа што сите ги плаќаат, во кој ограничувањата навистина се почитуваат, во кој гинат многу помалку луѓе…  

Единствено што би можел да разберам е стравот за приватноста на луѓето, но доколку регистарот би ги апстрахирал нивоата на информации и кога би имало строги законски одредби за зачувување на приватноста, искрено лично сметам дека ова е кец на десетка за нас. Барем за оние - чесните. 

20.7.2005.

Алиса во земјата на чудата!

Подредено под: ИКТ, Веб апликации, Софтвер, Авторски текстови — Јован @ 16:07

Конечно ќе посветам малку време на нешто што во последно време прилично ме заинтересира. Да не должам, мојот личен програмерски опус започнува со Sinclair Spectrum ZX Basic, преку Микрочип PIC микроконтролер асемблер па се до C, C++ и една од моите омилени - Java. Не можам да се пофалам со некоја голема апликација позади мене - и се опишувам себеси како познавач на програмските јазици а не како програмер (исто како што се разликува човек што знае англиски со човек кој завршил смер Англиски на филолошки).

17 години по мојот прв домашен компјутер програмирањето, но овој пат на специфични веб апликации, се повеќе ме привлекува. Истражувањето ме одведе до Python, но за жал (или среќа) некое ветре ме одвеа уште понатаму, далеку далеку од мејнстримот. Стигнав до јапонскиот Руби, неговата рамка за веб апликации Ruby on rails и секако - една од технологиите заради која го почитувам Гугл кој знае како да ја искористи- AJAX. Ова е мал опис на секој елемент. Не кријам дека користев веб сајтови да го склопам текстов - впрочем ова е блог - место каде што е побитно да се каже нешто важно отколку нешто ново.

1. Руби (Ruby) е програмски јазик - исто како Perl, Python, PHP, Java. Ако сакаме да бидеме попрецизни - се работи за интерпетиран програмски јазик како и сите горенаведени. Оние што го познаваат (јас сум на самиот почеток па не можам лично да тврдам) тврдат дека е поелегантен и со помоќна синтакса од повеќето конкуренти. Наводно апликација во Руби може да работи со забележително помал број на програмски линии од своите конкуренти (особено Java). Доколку некој се обидел да навлезе во J2EE „скаламеријата“ ќе ја цени оваа едноставност.

Официјалниот сајт каде што може да го преземете пакетот кој освен интерпетер содржи и едноставна IDE околина и копија од првото издание на програмерската референца за Руби е достапен на оваа врска. Исто така би сакал да Ви го препорачам следниов сајт кој содржи онлајн книга која на прилично луциден начин „ве навлекува“ на Руби (ја читам во моментов). Исто така знам дека има можност за интеграција на Ruby во open source IDE околината Eclipse која важи за прилично напредна програмерска околина.

(повеќе…)

22.6.2005.

Младите ентузијасти невидливо ја вмрежија Македонија

Подредено под: ИКТ, Авторски текстови — Јован @ 21:59

Интересен текст со оваков наслов на 21ви Јуни се појави во Време. Мислам дека треба во наредниот период многу повеќе да се промовираат алтернативните начини на електронска комуникација кои не се во сопственост на големите корпорации. Никогаш нема да ги заменат НО дефинитивно „благополезно“ влијаат на конкуренцијата и понудата.

Во Скопје, во Велес, во Битола и во повеќе градови во Македонија младите ентузијасти вљубени во можностите на информатичката технологија, невидливо ги вмрежуваат своите компјутери. Безброј игри и податоци, меѓусебна комуникација, па дури и отворена врата до Интернет се само дел од можностите што ќе ги добиете со едноставна инсталација на безжичен рутер, антена и мрежна картичка.

Познавачите велат дека преку безжичното поврзување се отвора можност корисниците на мрежата да имаат пристап и до Интернет само ако еден од нивните сомрежници во својот дом користи АДСЛ (широкопојасна врска со интернет). Безжичните врски најчесто се користат помеѓу згради, додека во рамките на една зграда мрежите најчесто се базираат на поврзување со кабли. Можно е и комбинирано поврзување во сите комбинации.

Јован Петров, уредник на невладиниот веб-портал „Манго онлајн“ вели дека во Македонија, безжичната технологија за мрежно поврзување на компјутерите се користи одамна.

- Има млади луѓе во повеќе градови во Македонија што се вљубеници во оваа технологија. Тие ги поврзуваат своите компјутери и на тој начин комуницираат, создаваат бази на податоци, играат мрежни игри и се забавуваат. Се што е потребно за поврзување се безжичен рутер, еден вид приемник на сигналот, мрежна картичка и, се разбира, антена - вели Петров.

(повеќе…)

30.5.2005.

Share your creativity!

Подредено под: English, Авторски текстови — Јован @ 16:45

Have you ever thought about the difference between free creation and creation limited with classical rules made by big interest groups? The story of free software dates 20 years ago, in the time when Richard Stallman published the GNU Manifesto. Two decades later it is beyond any doubt that thanks to the free software we have richer and more interesting world – from Apache to Firefox.

Prof. Lawrence Lessig (Stanford University, USA), fascinated from the idea of free software, tried to transfer it metaphysically to wider scope of application – beyond the computer programs. Classical Law on Copyright and the possibility of its misuse by the big corporations is surpassed by the group of licenses available to the creators called Creative Commons. Creative Commons means creativity whose product is transferred in limited or full public domain under the conditions defined by the author. Creative Commons Licenses are localized in many countries (soon available to the Macedonian authors).

(повеќе…)

24.5.2005.

Споделете ја креативноста!

Дали сте размислувале што е разликата помеѓу слободната креација и онаа ограничена со класични правила создадени од големите лоби-групи? Приказната за слободниот софтвер датира од пред дваесет години, кога Ричард Сталман го објави ГНУ Манифестот. Две децении подоцна, недвојбено е, имаме побогат и поинтересен свет благодарение на слободниот софтвер – од Апачи па до Фајрфокс.

Професорот Лоренс Лесиг (од Универзитетот Стенфорд, САД) фасциниран од идејата на слободниот софтвер се обидел метафизички да ја пренесе врз поширок опсег на примена – вон компјутерските програми. Класичниот закон за авторски права и можноста за негова злоупотреба од големите корпорации е надминат со група на лиценци достапни за авторите - наречени „Криејтив комонс“. Во слободен превод изразот би значел креативност чиј производ се пренесува во делумна или целосна сопственост на заедницата под услови дефинирани од авторот. Лиценците според Криејтив комонс се локализирани во повеќе земји (наскоро ќе бидат достапни на авторите и во нашата земја).

(повеќе…)

 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.