Блогот на Јован :: blogzen

1.12.2006.

Sony Bravia

Подредено под: Филмови и ТВ, Video — Јован @ 0:28

Боја, како ниедна друга. Слободен превод од слоганот на рекламата за Sony Bravia LCD телевизори која имав среќа за прв пат да ја гледам (и тоа непланирано) на квалитетна опрема (DVB-S + Dolby Digital II fiberoptic). Апсолутно невидена симфонија на бои и звуци, дефинитивно најдобрата реклама што сум ја видел воопшто.
Моја препорака да ја ѕирнете (иако ефектот е поинаков отколку ТВ+сараунд). Но исто така еве одличен „мејкинг оф“ документарец. Рекламата е толку добра што доби и свој официјален сајт со скринсејвери и слично.

30.8.2006.

Пронајди ги разликите ;)

Подредено под: Филмови и ТВ — Јован @ 22:32

13.8.2006.

ТВ преку интернет, со помош на P2P

Подредено под: Филмови и ТВ, Интернет — Јован @ 2:42

Прво, дисклејмер. Кој го посетувал редовно блогов знае дека не сум многу наклонет кон пиратеријата. Но од технички аспект, апликацијава е навистина инвоативна. И бидејќи сосема слободно може да се најде на Download.com тоа значи дека самиот софтвер сам по себе е легален (исто како што е легален и E-Mule на пример).

Значи TVU Networks е „кинеска направија“. Одлучиле луѓето да размислат како може да се поевтини дистрибуцијата на аудио-визуелни материјали. Во живо. И направиле сопствен Peer-2-Peer систем (сличен на Бит-торент и класиците Напстер и Казаа) но имајќи ја во предвид спецификата на живиот стриминг. Всушност компјутерите кои се поврзани на системот функционираат како мрежа на краткорочни бафери.

И резултатот е сосема оперативен начин на дистрибуција на ТВ во живо низ цел свет со минимален трошок во bandwidth на broadcast-ерите. Всушност и мрежата на пренесувачи е децентрализирана во прав дух на P2P. Она што зачудува е неочекувано добриот квалитет на стримингот (и аудио и видео) кој е на ниво на VHS. Со сегашнава точка на развој на глобалната ИП мрежа и имајќи во предвид дека корисниците во повеќето земји во развој имаат само базичен широкопојасен пристап (ниво на пола мегабит во секунда) ова е голем успех.

А кои телевизии може да се гледаат? Еден куп азиски. И неколку американски, помеѓу кои и ABC (читај Oprah, Очајни домаќинки…), HBO (читај добри филмови), ESPN (американски спорт), Disney Ch., Cartoon Network (цртани), CNN, Bloomberg и слично.

Нормално дека овој концепт многу брзо или ќе биде затрупан со тужби или ќе оди како легален сервис со претплата (според сајтовите, ми мириса на втората опција). Но сепак треба да се оддаде почит кон луѓето кои пристапиле кон стримингот на нов и поинвентивен начин.

Не викам сечи кабелска, фрлај сателитска. Треба време. Здравје боже, еден ден за едно 5-6 години ќе може да си купите ИПТВ рисивер кој преку Вашиот домашен фајбер-ту-хоум рутер ќе Ви нуди огромен избор на програмски содржини (класични но и Video on demand). И освен локална понуда агрегирана од операторот ќе видиме еден нов вид на медиумска централизација (пристап до самиот извор) со употреба на крајно децентрализирана архитектура на дистрибуција. Нели под услов да не пројдат предлозите за приоретизација и стратификација на ИП сообраќајот предводени од Cisco. Но тоа е еден сосема друг муабет.

Своевиден парадокс поврзан со самата P2P архитектура е што за разлика од класичниот стриминг, TVU Player овозможува зголемување на квалитетот на „приемот“ со бројот на гледачи на истиот канал. Значи колку повеќе луѓе го гледаат каналот толку помалку проблеми и застои ќе има истиот. Класичниот клиент-сервер концепт гарантира сигурно загушување на серверите по n посетители (каде n е мал конечен број - ете блого-лимес :)).

На крај, линковите:

Уште една напомена: софтверот го пробав, пуштив по неколку минути од најбитните неколку канали. На МТНет домашниот АДСЛ (512kbps) оди без никаков застој (по првите 15-тина секунди). Но со сегашново ограничување од 4 GB - кратка проба е се што е реално можно. Имајте во предвид дека како и сите П2П софтвери со кликањето на X софтверот само се минимизира. Одберете екплицитно Exit за да го зачувате Вашиот bandwidth.

Анализирајќи ги целните публики кои дури и во оваков квалитет би го користеле софтверот би можел да издвојам неколку типа на корисници:

  • бизнисмени кои на работа би имале пристап до Bloomberg, CNBC, BBC, Sky News, CNN, Euronews…
  • гледачи на спортски програми кои не се достапни на локалните канали
  • луѓе кои немаат класичен телевизор во собата (пр. деца - Cartoon, Disney), студенти и слично
  • технолошки авантуристи

Нормално, има 2 услови - првиот го исполнуваме, а вториот не. Брз пристап (кај мене се покажа ок) и неограничен интернет. :(

Инаку не правев тестови за потрошувачката - па ако измерите - пишете коментар.

Како специфика - можно е некој од Вас да се пријави и за broadcaster (ако има доволно bandwidth). На пример по некогаш ја гледам на листата и ТВ Пинк. Ете уште еден начин за промовирање на Македонија и овозможување на поедноставен пристап до информации од страна на иселениците. Само што е малку пиратски :)

Воедно најавувам уште еден текст поврзан со РТВ проблематиката - наредниот викенд.

2.7.2006.

Download: Македонија на CNN

Подредено под: Општа, Филмови и ТВ — Јован @ 2:52

Блогерот Панта Реи го објави линкот до видео-спотот кој се врти на интернет (бај д веј, за инает на сите, спотот е баш добар). Пронајдов две верзии на спотот за преземање. Денес ја објавувам помалата варијанта (2Мб, ЛИНК). Благодарам на Панта Реи за идејата за потрага.

8.6.2006.

Моите омилени филмови

Подредено под: Филмови и ТВ — Јован @ 0:01

(листата не е подредена и е далеку од финална верзија)

Верзија 1.2

23.2.2006.

Ентер, Инбокс…

Подредено под: Филмови и ТВ — Јован @ 5:11

Навистина не разбирам… На кого му текнало наместо водители на ТВ да става компјутерски генерирани ликови кои зборуваат или е многу добар психолог („еј види ги хакери!“ синдром) или навистина е љубител на кичот…

Што се случи со стариот добар „токинг хед“ концепт… Навистина не разбирам!?

25.1.2006.

Паметно, Канал 5, паметно…

Подредено под: Филмови и ТВ — Јован @ 18:46

18.00 часот на Канал 5. Филм. Едноставно генијално!

Не дека гледам ТВ :) Среќа сега можам 24 часа да избегнам матни типови…

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.