Регистрирајте за за присуство на e-Society.mk 2006
Како што претходно пишуваа повеќе колеги блогери, втората меѓународна конференција e-Society.mk 2006 ќе се одржи од 15 до 17 ноември. Има многу теми поврзани со информатичкото општество, но и теми поврзани со блогирањето како интернет новинарство, слобода на говор на интернет и слично. Слободниот софтвер доби своја посебна работилница.
Дознајте повеќе за конференцијата на сајтот www.e-society.org.mk. И не пропуштајте да се регистрирате бидејќи ова е една од ретките прилики да се поразговара на овие теми кај нас. Секако, пренесете ја информацијата и до Вашите пријатели и колеги.



