Отсекогаш сум им се воодушевувал кои имаат потреба и желба од идоли и лидери. Не дека на моменти не сум влегувал во такви „сценарија“. Она што секогаш е точно е:
- секогаш го идеализираш својот идол
- никогаш не се поклопуваат твојата и неговата идеологија. Впрочем вообичаено тој/таа и нема некоја напредна идеологија освен прибирање на пари или слава, на што сесрдно им помага природната харизма
- идолот секогаш се интерпретира од субјективен апсект, апроксимацијата создава погрешни верувања потхранети од волјата за следење и непризнавање дека сте ја избрале погрешната опција (во овој случај - идол)
- идолот, како и повеќето луѓе, со време ги менува ставовите. Забавно ми е кога следбениците групно си газат врз својот интегритет и постапуваат спротивно од своите убедувања. Не заради тоа што некој успешно ги разубедил, туку едноставно заради тоа што идолот така рекол. А тоа нели, мора да е точно. Дури и да нема наведена причина, ќе се склопи некоја прикладна конспиративна приказна за да се поткрепи одлуката.
- Особено на овие простори идолопоклонството е скоро обврзувачко. Секој мора да има свој лидер, кој ќе го просветли, ќе му го спаси животот, ќе владее транспониран како полубожествено битие
- Никој нема да признае дека идолот тропа глупости. Не дај боже!
Секако дека определено ниво на организација и нивоа на апстракција - идеологија, хиреархија и тимска работа се неопходни, но не по цена на апсолутизам. Во државни органи, во фирми, институции и медиуми. (Не зборувам само за политички идоли).
Чекор напред е да признае човек дека идолот правел грешки што е проследено изневереност и заклучок дека идолот не мисли на него (т.н. „себичност“ - мое прашање - а зошто воопшто би мислел на луѓе кои воопшто не ни ги знае?). По завршувањето на оваа фаза преоѓаме рехабилитација од потребата да се следи. Проблем со овој процес е честиот неуспех што резултира во започнување на следење на новоизбран идол, кој „мора да е чесен, многу е подобар од претходниот“. И така во недоглед.
Секој си плови сам. Точно е - го имаме семејството, бизнисот, државата да се погрижат и социјализираат, но идолите на никого не му донеле добро. Концептот на модели е сосема друг и се базира на учење на добрите лекции, т.н. кејс стадија. Јас на пример сум еден од оние кои му се воодушевуваат на Черчил и неговите „крв, пот и работа“. Но никогаш не би можел да признаам дека се работело за најпаметниот политичар, можеби еден од поискрените - што секако е доблест.
Нека те следат добри ветришта морнару и следи ги ѕвездите. Тие никогаш никого не излажале…