Весела географија
Следат неколку мапи кои графички (со зголемување на пропорцијата на даден регион) ги објаснуваат трендовите. Прво да ја погледнеме мапата на земји кои примаат најголем број на имигранти:

Следи мапа со проекција на популацијата во 2300 година:

Според ОН, врвот на бројот на жители ќе се достигне во периодот помеѓу 2050 и 2300 година. Проектираната граница е 9 милијарди. Потоа се очекува благ пад. Единствена регионална разлика е благиот пад во „старите територии“ и константен раст во Африка како резултат на подобрувањето на квалитетот на животот вклучувајќи ја и медицинската поддршка. Интересен цитат покрај овој слајд, кој може да се примени како контра-аргумент во локалните етно-дебати на слична тема:
“… if fertility levels remain unchanged at today’s levels, world population would rise to 244 billion persons in 2150 and 134 trillion in 2300, clearly indicating that current levels of high fertility cannot continue indefinitely.” Population Coalition, 2005
Најинтересната мапа (и поентата на овој текст) ја оставив за последна:

Во што е лидер Европа? Во туризам! 10% од светската популација оди на одмори во странство. 46% од нив одат во Европа. Ова оди во прилог на дебатата за ПиАр кампањата на СиЕнЕн и прашањето дали имаме квалитетна програма за странските туристи. Јасно е дека Македонија не може да се пофали со Версај и Лувр, но постојат одлични niche пазари како рурален туризам, екстремни спортови, планинари, скијачи, постари луѓе кои организираат „шетачки“ тури низ планини, семинарски туризам, Оф роуд, па дури и секс туризам. Но еве неколку пречки на патот до вечната среќа:
- Реал-соц хотелиерство
- Апсолутно никаква понуда за додатни услуги (од огромен избор на ТВ канали, преку вај-фај интернет, сауна, параглајдинг сервис до интересни места за ноќна забава вон сезона)
- Убиствено лоши авионски понуди и слаба „конективност“ (Додека ние сме спремни да платиме 300-600 ЕУР да завршиме работа, во ЕУ има голем број на туристи кои не се спремни да летаат за повеќе од 100-тина ЕУР). За жал ниту Охрид ниту Скопје не се на нивната мапа.
- Нехигиена и општа некултура
- Синдром „наплати повеќе на странците“ до пред некое време крунисан со паралелни ценовници на патарините.
- Ужасен јавен транспорт (основно средство за превоз за бекпекери). Цитирам „мислев дека ќе загинеме кај Кичево“…
- Нудистичка плажа/и? Или барем места каде што сосем нормалната топлес практика нема да предизвика инфантилно однесување на машката популација
- Недостаток на разбирливи знаци (види Скопска железничка станица, 100% кирилица + нејасно озвучување кое работи на англиски само за интернационални возови).
- Културното наследство не е спакувано во готов производ. (Одете кај Трамп ако треба)
- Најскапи хостели во Европа (стандард е 10 - 12 ЕУР / ноќевање). Непостоење на функционален хостел надвор од Скопје.
- Најскапи хотели во регионов според понудените услуги.
- Руралниот туризам функционира претежно декларативно (систем празни соби, 1 канал, 5 комарци, супа и ладен помфрит, и кисела насмевка).
- Стрип-тиз клубови?
- Со алкохол стоиме одлично, но криминализацијата на лесните дроги, проституцијата, PDA може да биде голем проблем во привлекувањето на младите (да бидеме искрени сега). Најдобар пример се грчките острови, каде полицијата доаѓа само на повик. Да не зборувам за Амстердам. Или Дубровник каде и во 80-тите најголем дел од полицијата беше од женски род, прилично симпатични и облечени вон милцајските стандарди (кратки ракави, мини сукњи, се во прикладна сина боја). Нивната главна цел беше да ве информираат ако сте се загубиле, да Ве замолат да успорите ако возите пребрзо и да Ви се заблагодарат со насмевка… Нешто слично како сексистичкото толкување на професијата стјуардеса во 50-тите и 60-тите години од минатиот век.
- Сигурност. Она што навистина недостасува како чувство. Вооружени лавови со реденици и АК-47 не се правилниот рецепт за овој „филинг“.
- Практично непостоечка индустрија на сувенири.
- Визи и формулари… Какви визи, какви формулари!?
- Ред за т.н. дезинфекција на аеродром (се вклучува по потреба).
- Мапи на градовите? Најава на станиците во градскиот превоз? Полицајци, таксисти и шофери кои разбираат англиски?
За сето ова е потребно многу повеќе од една донација… Треба да проработи малку мозочето и рачето, да биде полно џепчето. (Да бидам демунитивен).
Мапите се позајмени од Worldmapper.
the windows of the train we were riding in to allow some air to circulate. Immediately, people from all corners of the train started complaining “es zieht,” then got up and began closing the windows and letting us know how displeased they were with our actions.


