Во одбрана на Сокол!
Трендо напишал за поетскиот прес рилис на градоначалникот на Ѓорче Петров. Стара вест сама по себе, бидејќи одеше на Зевзекманија едно 3 месеци агоу. ОК е и демократско е сеирџиството, но треба да има во предвид дека пресот е луциден и намерно носталгичен.
Сокол (Митревски) е вистински човек на место, работник, патриот, војник, голема штета што не е градоначалник на цело Скопје. Гревота е да се остави на подсмев. Треба администраторите да си воведат еден морален кодекс, не е се игри без граници…
Јас кога би пишувал нешто, сигурно би почнал со Аларова заради чија негрижа пред некој ден додека минев во близина на 5-те протестанти си скинав сосема нови патики (извадена железна лајсна која ги оивичува дрвјата). Абе граѓани на центар, приберете си го малку градот, ужас невиден е… Или бидејќи таа не дава никакви прес рилисови, па нема мајтап?
На 16-ти и 17-ти Февруари ќе се одржи регионалната конференција на асоцијации на ИТ индустрии SEEITA и отворени денови на МАСИТ. Ова е еден од најинтересните ИКТ настани на почетокот од годинава. Ќе се обидам да присуствувам на дел од настаните за што ќе известам на блогов.


