Блогот на Јован :: blogzen

16.11.2006.

е-Општество: Клучни концепти

Подредено под: ИКТ, НСИО извадоци — Јован @ 16:11

Во тек е конференцијата е-Општество.мк. Наскоро повеќе на таа тема, а сега еден линк кон дефиниции на неколку клични концепти за е-општество (делумно преземено од Википедија, англиски).

29.10.2006.

Регистрирајте за за присуство на e-Society.mk 2006

Подредено под: Општа, ИКТ, Блогови — Јован @ 10:51

e-society.mkКако што претходно пишуваа повеќе колеги блогери, втората меѓународна конференција e-Society.mk 2006 ќе се одржи од 15 до 17 ноември. Има многу теми поврзани со информатичкото општество, но и теми поврзани со блогирањето како интернет новинарство, слобода на говор на интернет и слично. Слободниот софтвер доби своја посебна работилница.

Дознајте повеќе за конференцијата на сајтот www.e-society.org.mk. И не пропуштајте да се регистрирате бидејќи ова е една од ретките прилики да се поразговара на овие теми кај нас. Секако, пренесете ја информацијата и до Вашите пријатели и колеги.

18.5.2006.

Наскоро: Joomla.org.mk

Подредено под: ИКТ, Веб апликации, Интернет — Јован @ 9:03

Во фаза на припрема е официјалниот сајт на македонскиот преведувачки тим за Joomla!. Освен основни информации и преводи ќе содржи додатни текстови, интересни информации и форум за размена на искуства. Очекувано време на промоција - во тек на Јуни 2006.

28.3.2006.

ИКТ: 82 место за Македонија

Подредено под: ИКТ, Интернет, НСИО извадоци — Јован @ 15:59

Светскиот економски форум вчера ги објави новите ранг-листи за нивниот „Network readiness index”. Интересно за оваа година е што повторно САД се наоѓа на првото место, за разлика од минатите кога доминираа азиските и нордиските земји. Рангирањето е дел од студијата „Global Information Technology Report 2005-2006“. (Executive Summary - PDF)

4.3.2006.

10 златни правила за ерата на кориснички ориентираните производи и услуги

Подредено под: ИКТ, Веб апликации, Софтвер, Интернет, е-Бизнис — Јован @ 1:26

Помина времето на тоа кој направил повеќе мегахерци, коњи, вати. Сега е битно колку е нешто едноставно, удобно, симпатично, лесно… Корисниците не сакаат сирова снага, туку комплетно искуство.

Следат правилата, според Андреас Фајфер од ACM:

1) Повеќе опции - полошо.
2) Не ги поедноставувате работите со додавање на можности.
3) Збуни го корисникот за да го загубиш.
4) Стилот е битен
5) Само опциите кои нудат добро корисничко искуство ќе бидат користени.
6) Сите опции кои бараат читање на упатство ќе бидат користени од многу мал процент на корисници.
7) Неискористените опции не се само бескорисни, тие може да го попречат едноставното користење.
8) Корисниците не сакаат да размислуваат за технологијата. Она што е битно е како влијае на нив и како може да се искористи.
9) Заборавете за убиствените можности. Фокусирајте се на убиственото корисничко искуство.
10) Помалку е потешко, заради тоа помалку е повеќе.

8.2.2006.

Red Hat обука и полагање - крајот на Март

Подредено под: ИКТ — Јован @ 22:12

Од 20-24 Март во просториите на ИНет (овластениот дистрибутер на Red Hat) ќе се одржи RHCE Rapid Track Course по чие завршување ќе се полага испит. Успехот на овој практичен испит ќе значи здобивање со титулата Red Hat Certified Engineer. Обуката била наменета за луѓе со искуство во администрација а предавачот е од Полска. Не ја знам цената, но мислам дека ова е првата официјална Red Hat обука и полагање во МК? Кој го интересира, нека ги контактира ИНет.

Напомена: Немам никаква врска со обуката, но ми беше интересна да ја пренесам - можеби некој ќе се заинтересира.

Форум

Подредено под: ИКТ, Веб апликации, Софтвер, Интернет — Јован @ 17:32

Специјализиран форум за самопомош на локалната ИКТ заедница, особено поврзано со LAMP апликации (но не и ограничени на нив). Ова е иницијатива која провејува низ повеќе коментари на повеќе луѓе.
Ајде да видиме дали реално има потреба од оваа работа?

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.