Блогот на Јован :: blogzen

29.10.2006.

Регистрирајте за за присуство на e-Society.mk 2006

Подредено под: Општа, ИКТ, Блогови — Јован @ 10:51

e-society.mkКако што претходно пишуваа повеќе колеги блогери, втората меѓународна конференција e-Society.mk 2006 ќе се одржи од 15 до 17 ноември. Има многу теми поврзани со информатичкото општество, но и теми поврзани со блогирањето како интернет новинарство, слобода на говор на интернет и слично. Слободниот софтвер доби своја посебна работилница.

Дознајте повеќе за конференцијата на сајтот www.e-society.org.mk. И не пропуштајте да се регистрирате бидејќи ова е една од ретките прилики да се поразговара на овие теми кај нас. Секако, пренесете ја информацијата и до Вашите пријатели и колеги.

21.10.2006.

Вистината

Подредено под: Општа, Интересно, Блогови, Video — Јован @ 1:59

Избришав еден коментар денес. Заканувачки и потпишан со сајтот на МВР и потекло од Синсинати. Демек јас нешто битно правам со блогов, и демек тој ме уплаши. :)

Кога сме веќе околу Синсинати, ми текнуваат две работи. Една стара смешна серија за радио водител, WKRP in Cincinatti. Не беа лоши. И второ - знам еден куп нашинци кои живеат таму, ама со ниеден не сум во лоши односи (или барем јас така мислам).

Него друго ми е муабетот, на јутјуб се појави видео кое во 2 минути ја содржи комплетната вистина за Македонија и македонското потекло. Не ни сум знаел дека некои од овие типови биле македонци. Да бидам македонец а да не знам… :)

14.9.2006.

Општо кон посебно…

Блогов има 627 поени на socialmeter.org (извор: Филип). Прашањето останува - дали мерењето на блог-социјализацијата е еквивалетна со real-life асоцијализацијата? Ако е така лошо ми се пишува…

Она што е битно да се каже е дека во сабота излегува компилацијата со неколку корисни програми на македонски плус една книга за ОпенОфис на македонски.

Интересно е тоа што Т-мобиле.ком.мк работи во php. За разлика од стариот сајт на Мобимак кој одеше на ASP.Net. Но тоа по се изгледа е избор на локалниот тим. На пример хрватскиот оди на олд-тајм ASP и Windows Server 2003, а германскиот и унгарскиот користат Sun Solaris плус некои (не-баш-евтини) CMS апликации. За разлика од нив американците си тераат на Windows 2003 + ASP.Net. Заклучокот е… не е до алатот туку до мајсторот.

Разгледувањето на нивните сајтови ми овозможи да забележам дека се многу педантни околу брендингот - сите имаат т-зони, релакс тарифи и слично. Во секој случај не само што останувам кај нив, туку и планирам наскоро да одам на постпејд.

Ќе пишував нешто и за институциoнална меморија, евро-интеграција, споделување на знаења, сигурност, вложување во експертиза. Ама гледам тие муабети во државава станаа аут. За тоа поарно ќе си ќутам.

9.8.2006.

Еротоманија

Подредено под: Интересно, Блогови, Интернет — Јован @ 17:23

Гледам неколку блогери последниве денови како интензивно ја препорачуваат Anelia. Во споредба со мачните муабети на блогосферава наша малечка, одлучив да ја поддржам со пост како квалитетна алтернатива за овие топли денови. Сето тоа проследено со една пригодна песничка, Френки оди во Холивуд со „Relax don’t do it:)

Наф сед, дабл пи ај ем пи, риспект!

25.6.2006.

Sitemeter и приватноста

Подредено под: Блогови, Интернет — Јован @ 10:56

Филип има одличен текст околу сите начини за лажење на сајтмитерот. Она што ме загрижува последно време е подобрата апдејтираност на македонскиот IP адресен простор што овозможува попрецизно гео-таргетирање. Во превод - доколку ја знаете IP адресата на посетителот со голема точност ќе знаете од кој град доаѓа.

Сајтмитерот овие информации за последните 100 посети ги дава јавно (за т.н. „отворен“ бројач). Имајќи во предвид дека секој блог е најмногу посетуван од својот автор и споредувајќи ги времињата, може едноставно да:

  • откриете од кој град е авторот
  • откриете од кој град е коментаторот на некој пост

Ова потенцијално може да биде проблем за приватноста, особено доколку некој коментатор си мисли дека е комплетно анонимен. Или обратно, можеби и авторот на блогот да живее во мисла дека е анонимен. Со помош на неколку методи (технички и општествени) некој може и да настрада.

Дигимак ќе мора да си креира свој блог-каунтер бидејќи не може долгорочно да зависи од сајтмитерот. Јас користам Гугл Аналитикс + AWStats (linux) бројачи кои се многу подетални, поопширни и поинтересни за авторот. Дали го гледаме крајот на јавните бројачи?

10.6.2006.

Графички опис на структура на сајт

Подредено под: Блогови, Интернет — Јован @ 14:06

Еве пример за овој блог:

Image Hosted by ImageShack.us

Легенда:

  • blue: for links (the A tag)
  • red: for tables (TABLE, TR and TD tags)
  • green: for the DIV tag
  • violet: for images (the IMG tag)
  • yellow: for forms (FORM, INPUT, TEXTAREA, SELECT and OPTION tags)
  • orange: for linebreaks and blockquotes (BR, P, and BLOCKQUOTE tags)
  • black: the HTML tag, the root node
  • gray: all other tags

Извор: Web sites as graphs (преку Технорати)

11.5.2006.

Паблишерс Анонимус

Подредено под: Општа, Блогови — Јован @ 22:45

Локација: Лесковачка на саем, едно доолго непродуктивно попладне на саемот за книги.

Ликови: Издавач1, Издавач2, ХитПисател1, Келнер.


Издавач1: „Ние сме последната генерација која ќе издава книги како што треба, на хартија. Ни *** мајката 100%. Све се растури, демек електронски. Нема врска… Шарлатанство“

Издавач2: „Во право си, и овие младиве… Се блогери, могери… Страшни луѓе, се нешто им фали. Се други им се криви. Ептен ја расипаа младината…“

ХитПисателот1, измрсен во брадата, нема време да се вклучи во разговорот, но очигледно се сложува со соговорниците…

Издавач1: „…Ја расипаа, сите блогери ги направија. ТОА Е ВИРУС БЕ БРАТ, ВИРУС. И знам кој ги зарази, оној нихилистон, нејќам името да му го спомнам, ТАЧКА права е… КОНТРАШ!“

Во позадина идилична слика, пола МАНУ со мрсни бели бради дегустираат роштиљ додека ретките млади луѓе си одат полуразочарано од саемот на книгата, со по некој Коељо, Мандино и Браун под рака… И два три Адолфа.

Келнер: „… Господа ако можам да наплатам…“


Камерата полека се оддалечува од идиличната писателско-издавачка дружба, растревожена од блогерството, и мирно се фокусира на мрзеливото мајско сонце кое полека се тркала кон планината.

Сите ликови и настани се измислени, а ниеден блогер не беше повреден при снимањето.

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.