Блогот на Јован :: blogzen

16.12.2006.

Тактика за Ирак

Подредено под: Глобализација, Политика и општество — Јован @ 10:59

Капетанот Тревис Патрикин и неговата инвентивна PowerPoint презентација (PDF) ја артикулираат потребата да се промени тактиката во Ирак. И тоа на многу пристапен и едноставен начин. Жално е единствено тоа што овој човек загинал на терен. Но проблемот кој го адресира е релевантен. Неопходно е да се постигне одржлив мир кој долгорочно би промовирал демократија. А не обратно. Повеќе на сајтот на ABC.

1.12.2006.

Sony Bravia

Подредено под: Филмови и ТВ, Video — Јован @ 0:28

Боја, како ниедна друга. Слободен превод од слоганот на рекламата за Sony Bravia LCD телевизори која имав среќа за прв пат да ја гледам (и тоа непланирано) на квалитетна опрема (DVB-S + Dolby Digital II fiberoptic). Апсолутно невидена симфонија на бои и звуци, дефинитивно најдобрата реклама што сум ја видел воопшто.
Моја препорака да ја ѕирнете (иако ефектот е поинаков отколку ТВ+сараунд). Но исто така еве одличен „мејкинг оф“ документарец. Рекламата е толку добра што доби и свој официјален сајт со скринсејвери и слично.

16.11.2006.

е-Општество: Клучни концепти

Подредено под: ИКТ, НСИО извадоци — Јован @ 16:11

Во тек е конференцијата е-Општество.мк. Наскоро повеќе на таа тема, а сега еден линк кон дефиниции на неколку клични концепти за е-општество (делумно преземено од Википедија, англиски).

Македонски железници

Подредено под: Општа — Јован @ 11:37

Фотографија од постер кој ги слави достигнувањата, иновациите и модернизацијата на Македонски железници по културната револуција:

3.11.2006.

На протест!

Подредено под: Евро-интеграција, Политика и општество — Јован @ 1:54

9ти Ноември е ден за протест, против сите гњаважи со визи, за достоинство на сите нас. Држат сите забелешки, но ова не е ниту време ниту место да се решаваат други и туѓи проблеми. Факт е дека визите на сите ни сметаат и факт е дека е потребен притисок од базата за сите да се соочат уште еднаш со реалната состојба. А таа е Македонија не е проветреана како што треба барем 15-16 години.

И ова не го пишувам како поранешен претседател на JEF Macedonia, туку како обичен граѓанин. Нема позадина, нема партии, нема кариеризам. Поддршка за ад-хок блогот отворен во таа цел. Не заборавајте дека протестите ги организираат двете најпроевропски ориентирани младински организации во Македонија, членки на европски мрежи кои комплетно стојат зад проектот.

29.10.2006.

Регистрирајте за за присуство на e-Society.mk 2006

Подредено под: Општа, ИКТ, Блогови — Јован @ 10:51

e-society.mkКако што претходно пишуваа повеќе колеги блогери, втората меѓународна конференција e-Society.mk 2006 ќе се одржи од 15 до 17 ноември. Има многу теми поврзани со информатичкото општество, но и теми поврзани со блогирањето како интернет новинарство, слобода на говор на интернет и слично. Слободниот софтвер доби своја посебна работилница.

Дознајте повеќе за конференцијата на сајтот www.e-society.org.mk. И не пропуштајте да се регистрирате бидејќи ова е една од ретките прилики да се поразговара на овие теми кај нас. Секако, пренесете ја информацијата и до Вашите пријатели и колеги.

21.10.2006.

Вистината

Подредено под: Општа, Интересно, Блогови, Video — Јован @ 1:59

Избришав еден коментар денес. Заканувачки и потпишан со сајтот на МВР и потекло од Синсинати. Демек јас нешто битно правам со блогов, и демек тој ме уплаши. :)

Кога сме веќе околу Синсинати, ми текнуваат две работи. Една стара смешна серија за радио водител, WKRP in Cincinatti. Не беа лоши. И второ - знам еден куп нашинци кои живеат таму, ама со ниеден не сум во лоши односи (или барем јас така мислам).

Него друго ми е муабетот, на јутјуб се појави видео кое во 2 минути ја содржи комплетната вистина за Македонија и македонското потекло. Не ни сум знаел дека некои од овие типови биле македонци. Да бидам македонец а да не знам… :)

Наредна страница »
 


Author: Jovan Petrov. Some rights are reserved.