Зулу

Зулу веќе функционира на македонскиот интернет простор. ОнНет покрај најавуваните IPTV и DVB-T сепак започна со интернет ТВ. Бидејќи договорите претпоставувам веќе одамна ги имаат, а и излезен (outgoing) беднвид исто така имаат (со оглед на тоа дека нивните корисници преземаат во просек 3-5 пати повеќе од она што го испраќаат - имаат асиметрична размена) ова за поголем оператор е изводливо како проект. Претплата (вон МК ИП простор) ќе мора да има - ако не друго тогаш заради авторските права, а тоа може да доведе до одржливост (пазар - гастарбајтери).

Видео и аудио квалитетот е одличен, кај мене понекогаш не секоја ТВ работи од прва, но сепак кога е бесплатно и не може да се замери. Со оглед на тоа дека имам сателитски систем, токму МК каналите ми недостасуваа, па ете вчера го следев во муабетот на Брат Љубе за неговата дружба со Рамуш и нивната/нашата европска иднина, но и успеав по прв пат да видам како изгледа Наша ТВ, поточно фатив рекламен опсег од 10-тина минути во кој ги изгледав сите владини реклами (кои најверојатно тие ги продуцираат, бидејќи беа сортирани на секоја тема секоја верзија по еднаш). Значи зомби зулу во мојот дом повторно ја внесе топлината, рационалноста и објективноста на македонскиот медиумски простор, зачинета со хрватски серии и операција триумф.

Но доста за тоа, следат (конечно) кратките совети за подобрување на Зулу:

  • Хедерот зазема премногу место горе, тргнете го комплетно, ставете лого од левата страна, поместете го плејерот од средина кон десната маргина до крај
  • Копчињата за промена на каналите поместете ги на левата/десната страна на плејерот, наместо да бидат долу - најлошата грешка е што на дизајнерите им купувате 24 инчни монитори, се забораваат, пробајте како изгледа да се користи сервисот на лаптоп со wide screen или уште подобро на нетбук.
  • Со малку труд може да се интегрира едноставна ТВ програма за секој канал па луѓето да може едноставно да знаат што каде и во колку часот може да гледаат
  • Телетекст

Значи наместо вертикална би сакал да видам хоризонтална распределба. Инаку за звукот и сликата немам коментар, одлично. Поздрав до екипата на Зулу, ќе ве гледаме. :)


2 одговори на “Зулу - неколку GUI совети”

  1. eclipse-x Рече:

    Линкот за Зулу (www.sulu.mk) ти е погрешен. :)

  2. Jovan Petrov Рече:

    Мојата Старт Трек потсвест… :) Фала, корегирано.

Коментари