Стари навики
16.09.2008.
Човек најтешко се одвикнува од навиките. Тоа се учи и по психологија. Впрочем, сите ние знаеме барем неколку доктори кои се никотиномани…
Деновиве македонската младина се судри со (ед)Убунту. Резултатот беше очекуван, голема голема инертност од млади луѓе и особено нивните професори. Се надевам дека тоа ќе се промени и како што вика Новица - ќе читаме за средношколци кои прават нешто интересно во Пајтон.
Кога сме веќе околу Пајтон… Не можам а да не кажам уште еднаш колку многу ми лежи. Не сум професионален програмер 24/7, но сепак со него човек прави чуда и (многу битно) не се нервира.
Но да завршам со навиките. Одамна користам интернет, а пред тоа и ББС-ови. Спорите врски ми врежаа една навика - се’ што е интересно да го најдам во PDF и да го симнам. Имам цели фолдери и дивидија со „битни“ работи кои никогаш не ги погледнувам повторно. А и да сакам - го немам Гугл. Значи… време е да почнеме да се одвикнеме од даунлоадот. Освен за некои тешко достапни документи и материјали (читај торенти со мал број на сидери, некој сомнителен рапидшер урл или некое битно истражување на тешко достапна локација).
16.09.2008. at 13:57
море прави си ти download … стално кога сум offline (од оваа или онаа причина) ми се наоѓа.
што се однесува на search-от низ локалните документи има многу решенија, kde4 има нешто такво, Beagle го имаш во Gnome итн..