Според најновите истражувања, возраста на претприемачите кои основаат ИТ компании во САД е многу повисока од генералниот имиџ на техно-вундер-кинд типови. Блогот на Пол Кедроски ги пренесува податоците преземени од Фондацијата Кауфман:

Може да се заклучи дека времето на приучените бизнисмени типично за свежите пазари полека изминува. Освен технички знаења секој кој сака да „оди“ на слободниот пазар мора да знае многу повеќе деловни и менаџерски вештини, и најбитно од се да има добар тим. Во период на глобализација оригиналноста е основна конкурентска предност, а таа се базира на инвентивноста на нејзините основачи и блискоста до потребите на купувачите. Трендот е реален и има основа.


Коментари