Зулу - неколку GUI совети
28.12.2008.

Зулу веќе функционира на македонскиот интернет простор. ОнНет покрај најавуваните IPTV и DVB-T сепак започна со интернет ТВ. Бидејќи договорите претпоставувам веќе одамна ги имаат, а и излезен (outgoing) беднвид исто така имаат (со оглед на тоа дека нивните корисници преземаат во просек 3-5 пати повеќе од она што го испраќаат - имаат асиметрична размена) ова за поголем оператор е изводливо како проект. Претплата (вон МК ИП простор) ќе мора да има - ако не друго тогаш заради авторските права, а тоа може да доведе до одржливост (пазар - гастарбајтери).
Видео и аудио квалитетот е одличен, кај мене понекогаш не секоја ТВ работи од прва, но сепак кога е бесплатно и не може да се замери. Со оглед на тоа дека имам сателитски систем, токму МК каналите ми недостасуваа, па ете вчера го следев во муабетот на Брат Љубе за неговата дружба со Рамуш и нивната/нашата европска иднина, но и успеав по прв пат да видам како изгледа Наша ТВ, поточно фатив рекламен опсег од 10-тина минути во кој ги изгледав сите владини реклами (кои најверојатно тие ги продуцираат, бидејќи беа сортирани на секоја тема секоја верзија по еднаш). Значи зомби зулу во мојот дом повторно ја внесе топлината, рационалноста и објективноста на македонскиот медиумски простор, зачинета со хрватски серии и операција триумф.
Но доста за тоа, следат (конечно) кратките совети за подобрување на Зулу:
- Хедерот зазема премногу место горе, тргнете го комплетно, ставете лого од левата страна, поместете го плејерот од средина кон десната маргина до крај
- Копчињата за промена на каналите поместете ги на левата/десната страна на плејерот, наместо да бидат долу - најлошата грешка е што на дизајнерите им купувате 24 инчни монитори, се забораваат, пробајте како изгледа да се користи сервисот на лаптоп со wide screen или уште подобро на нетбук.
- Со малку труд може да се интегрира едноставна ТВ програма за секој канал па луѓето да може едноставно да знаат што каде и во колку часот може да гледаат
- Телетекст
Значи наместо вертикална би сакал да видам хоризонтална распределба. Инаку за звукот и сликата немам коментар, одлично. Поздрав до екипата на Зулу, ќе ве гледаме. ![]()
Стари навики
16.09.2008.
Човек најтешко се одвикнува од навиките. Тоа се учи и по психологија. Впрочем, сите ние знаеме барем неколку доктори кои се никотиномани…
Деновиве македонската младина се судри со (ед)Убунту. Резултатот беше очекуван, голема голема инертност од млади луѓе и особено нивните професори. Се надевам дека тоа ќе се промени и како што вика Новица - ќе читаме за средношколци кои прават нешто интересно во Пајтон.
Кога сме веќе околу Пајтон… Не можам а да не кажам уште еднаш колку многу ми лежи. Не сум професионален програмер 24/7, но сепак со него човек прави чуда и (многу битно) не се нервира.
Но да завршам со навиките. Одамна користам интернет, а пред тоа и ББС-ови. Спорите врски ми врежаа една навика - се’ што е интересно да го најдам во PDF и да го симнам. Имам цели фолдери и дивидија со „битни“ работи кои никогаш не ги погледнувам повторно. А и да сакам - го немам Гугл. Значи… време е да почнеме да се одвикнеме од даунлоадот. Освен за некои тешко достапни документи и материјали (читај торенти со мал број на сидери, некој сомнителен рапидшер урл или некое битно истражување на тешко достапна локација).
Enkin
20.06.2008.
Заќутување на интернет медиумуте: ДДоС
14.02.2008.
Почитувани посетители,Во изминатите 48 часа нашиот сајт беше изложен на т.н. Denial-of-Service интернет напад, што доведе до комплетна блокада на мрежата на нашиот хостинг партнер.
Одделот за ИТ на А1 Телевизија, во соработка со интернет провајдерот Он.нет и нашиот хостинг партнер од САД, работат на блокада на нападите и повторно нормализирање на функцијата на сајтот.
Ве молиме за разбирање до повторното воспоставување на функционалноста на сајтот.
Со почит,
А1 Телевизија
4000 нови АДСЛ корисници за пола месец
21.09.2007.
Новите пакети со пониски цени на Интернет-услугата „Макс АДСЛ“ на „Македонски телекомуникации“ за нецел месец привлекоа нови 4.000 илјади корисници, соопштија вчера одговорните од компанијата. Бројката секојдневно се зголемува, бидејќи интересот не се намалува, велат од „Телеком“, додавајќи дека на овој начин ќе придонесат кон ширење на Интернет-технологијата во Македонија како основа за натамошен развој на земјата. Повеќе.
Up to 8mbps = 2.7 Mbps
07.08.2007.
There is a huge gap between advertised broadband speeds and the actual speeds users can achieve, new research from consumer group Which? has shown.A survey by the organisation found that broadband packages promising speeds of up to 8Mbps (megabits per second) actually achieved far less.Tests of 300 customers’ net connections revealed that the average download speed they were getting was 2.7Mbps. More…