Последно време прочитав неколку текста за проблематиката со рекламирање на социјалните мрежи. Воедно имав можност на истата тема да поразговарам со двајца кои се експерти од областа на интернет маркетингот. Сите се сложуваат дека главната болка е неможноста за квалитетно таргетирање на огласите што заради хетерогеноста на мрежите на пријатели, а што и заради огромниот број на прикажани страни на овие сајтови без јасна и квалитетна конверзија во кликови. Резултат на ова е екстремно ниската цена на рекламирање според моделот CPM, заради практично никаквото таргетирање.

Но денес бев изненаден не само од огласот на македонскиот Телеком на Фејсбук туку и од констатацијата дека и покрај генералните трендови кои се против рекламирање на овакви сајтови, Т-Хоме всушност може да има поголем бенефит отколку просекот, па и да добиеме успешен случај / приказна. Еве на кратко зошто го мислам тоа:

  • Рекламирањето на социјалните мрежи се прави најмногу за брендинг. Телеком континуирано има буџет за овој вид на кампањи.
  • Телеком најверојатно има доставено опсези на ИП адреси (како на нивните така и на конкурентите) и претпоставувам дека кампањата е таргетирана на национално ниво. Со тоа не се губат пари вон границите на пазарот.
  • Посетителите на фејсбук се млади, претежно учени луѓе кои интензивно користат интернет и останати комуникациски услуги. Дури и лично да не ги плаќаат сметките (помладите групи, студентите), тогаш барем имаат клучно влијание во кроењето на домашниот буџет за оваа намена. Тоа значи дека родителите кои немаат потреба од интернет, одлуката ќе ја препуштат на своите деца.
  • Цената на рекламирање со оглед на дифузноста е релативно ниска, што во споредба значи дека кога јас би бил Т-Хоме и Т-Мобиле под итно би ги повлекол сите кампањи од глупави ОнНет клонови со имиња на разни прехрамбени продукти и би ги инвестирал на овој поиновативен начин.

Забележав дека најваројатно посредник е httpool интернет маркетинг агенцијата. Сега неколку критики:

  • Банерот е многу лошо скалиран (текстот не е читлив). Ова под итно да си го средат.
  • Не забележав референца за следење на доаѓачкиот сообраќај. Со оглед на тоа дека посредник е httpool, претпоставувам дека перформансите на кампањата се мерат таму.
  • Банерот „скока“ кон насловната страна на Телеком. Јас лично би одбрал еден клучен производ кој во моментот го рекламирам и би ги носел корисниците директно до страната која има детален опис и можност за нарачка.
  • Освен доколку не се работи за добивка, сметам дека долгорочно е паметно директно да се соработува со Фејсбук, т.е. без посредници.

Enkin

20.06.2008.

Многу иновативен пристап - навигациски систем за Гугл Андроид (видео):


Enkin from Enkin on Vimeo.

Goosh: Google Shell

03.06.2008.

Goosh goosh.org 0.4.3-beta #1 Mon, 02 Jun 08 22:28:01 UTC Google/Ajax

Welcome to goosh.org - the unofficial google shell.

This google-interface behaves similar to a unix-shell.
You type commands and the results are shown on this page.

LINK

Според луѓето од IDG (PC World, IDG Books, IDC) експериментот наречен транзиција кон интернет за нив како компанија која живее од печатените медиуми е крајно успешен. Во 2002 14% од рекламите биле дистрибуирани преку интернет, додека сега тоа е 52%. Со оглед на многу добрите маргини благодарение на поефикасниот начин на дистрибуција (расходи за печатење, дистрибуција), овој прилив од интернет рекламите учествува со 70% во крајниот приход на компанијата. Неделникот InfoWorld прекина со печатењето и продолжи исклучиво на интернет. За разлика од претходната година, ова издание прави повеќе пари иако нема печатени реклами. Повеќе во текстот на Њу Јорк Тајмс.

Мора да се има во предвид дека оваа куќа е ориентирана кон компјутерски изданија. Отворено е прашањето како би одела конверзијата на некоја по-офлајн групација. Исто така интересно ќе биде како регионалниот лидер Баг ќе го помине овој период.

 Мал милион вики платформи има на интернет. Но не секогаш секој корисник знае да ги инсталира, користи и администрира. Wetpaint е алатка која со големо задоволство ја користам последнава година. Претставува бесплатно хостирана Вики платформа која е поедноставена до крајни граници за „обични“ корисници. Уредувањето со WYSIWIG едитор, едноставното линкување и администрирање се навистина добра препорака. Не ви треба ни хостинг, ни домен, буквално бесплатно.

Неколку недели по официјалното лансирање го инсталирав ГМаил за мобилни телефони на мојот телефон кој инаку и не е многу нов и моќен (Сони Ериксон К310и). Користејќи го до денес, морам да кажам искрено дека сум прероден, особено имајќи во предвид дека службено многу зависам од овој тип на комуникација. Не само што можам да го користам на пат, да не трошам премногу сообраќај заради интелигентниот интерфејс и концепт, но воедно имам пристап и до огромната база на контакти, архивата од повеќе гигабајти и најбитно од се - отворањето на атачменти за кои инаку мојот телефон нема соодветна поддршка (ПДФ, Ворд, Ексел итн). Сето тоа работи беспрекорно, неколку пати до сега ми има спасено доста нервози. Плус е синхронизирано со мојот основен налог и функционира супер. Исто така доколку имате домен чии мејлови се управуваат преку Гугл Апс, можете да му пристапите и на тој налог.

Во секој случај, искрена препорака, моќна, едноставна и бесплатна алатка. Вистински мобилен два-нула во џеб.

Jonathan Schwartz: “But the biggest news of the day is… we’re putting a billion dollars behind the M in LAMP. If you’re an industry insider, you’ll know what that means - we’re acquiring MySQL AB, the company behind MySQL, the world’s most popular open source database.” Link

Sun го купи MySQL. Дали е тоа добро или лошо, времето ќе покаже. Но свежиот капитал се надевам дека ќе биде вложен и во развој. Подобри перформанси, висока достапност, подобро решение за кластери, подобра трансакциска контрола, подобри stored procedures… Добриот производ може да стане уште подобар. Се додека нема проблеми со лиценцирањето, заедницата и инвестирањето во развој. Блогов работи на него, како и 3/4 од интернет сајтовите (можеби претерувам, но не премногу).

LinkedIn

19.08.2007.

LinkedIn е MySpace за бизнис заедницата. Поврзува професионалци и го овозможува нивното враќање на старите контакти и поттикнува нови иницијативи. Многу корисен и едноставен сервис кој претставува реален бенефит за сите што го користат. Препорачано.

Box.net е одличен онлајн простор за вашите датотеки во Веб 2.0 стил. Едноставо се прави upload / download, се функционира како што треба. Има јавни фолдери по потреба. Едноставно се користи од мобилен, може датотеките да ги праќаш и преку е-пошта и има компонента за повеќе блог сервиси за преглед на вашите јавни папки. Едноставно и корисно, 1 Гигабајт за беспари, за повеќе се плаќа. Мене ми се допадна и го препорачувам.

Фотосинт

07.06.2007.

Мајкрософт Фотосинт - иновативна веб 2.0 апликација која користи социјални фото-сајтови како Фликер за автоматско составување на огромна 3Д галерија на слики од битни и интересни места. И најбитно - работи одлично на фајрфокс! Линк