Ден на Европа
09.05.2008.

Денес е 9-ти Мај, Денот на Европа. Сакам да им го честитам овој ден на на сите сограѓани, и да си посакаме подобра иднина отколку минато, со попаметни политичари, пофлексибилни соседи и најбитно од се, многу подобра економија. Во прилог, веќе традиционално, радио емисијата во MP3 формат по овој повод продуцирана пред 4-5 години (јас сум автор на текстот). Доколку сте млади (18-25) и би сакале да научите повеќе за заедничката европска иднина, контактирајте ги луѓето од мојата поранешна НВО - JEF.
Едит: Линкот кон емисијата е објавен на cc.org.mk.
FT: Snap polls jeopardise Macedonia’s accession
11.04.2008.
“Yet western diplomats – anxious to stabilise the Balkan state of 2m people – said rejigging would mean a lost chance to solve the 17-year “name dispute” with Greece, entering Nato and finishing EU pre-accession reforms.” Financial Times
Ментална слика: нашата инка кон иднината
05.04.2008.
Загледајте се добро во сликава, фокусирајте се во центарот и гледајте барем 30 секунди:

Потоа секој пат кога политичарите ќе се обидат да Ве излажат дека ќе ги надитриме Грците, затворете ги очите со што ќе Ви се појави сликата од грчкиот парламент и повторете си во себеси „За да влезе МК во НАТО и ЕУ овој парламент мора да ја ратификува спогодбата“. Страшни се лагите кои се шират, реалноста е сурова но никој не сака да ја соопшти. Практично имаме само две опции: Промена на име во взаемна спогодба и брз влез во НАТО и ЕУ или зачувување на името и практична забрана за влез во овие две институции - доживотно.
Филмски моменти
27.03.2008.
Сцена 1: Нервозен војник гледа како непријателот се приближува. Муницијата и пушката се спремни, други му рекоа каде да нишани. Тој само треба да пука. А колку ги мрази своите непријатели, не може во лице да ги гледа. Нема потреба од мислење, топовско месо, магловито утро, време е за херои. Но, гледајќи го моќниот непријател како ита бестрашно, се уплаши. Иако не сакаше да си го признае тоа, нели ова е време на херои. Стравот се претвори во бес и пушката пукна. На празно. Остриот поглед на капетанот го пресече. Знаеше дека ќе потроши премногу време и нема да биде од помош кога навистина ќе треба да се оди во бој. Хероите отидоа лице во лице со нивната судбина. Тој остана срамно, обидувајќи се да ја наполни пушката панично…
Сцена 2:
Brian Are you the Judean People’s Front?
Reg Fuck off.
Brian What?
Reg Judean People’s Front. We’re the People’s Front of Judea. Judean People’s front, caw.
Francis Wankers.
Brian Can I join your group?
Reg No. Piss off.
Brian I didn’t want to sell this stuff. It’s only a job. I hate the Romans as much as anybody.
PFJ Sssh. Ssssh, sssh, sssh, ssssh
Judith Are you sure?
Brian Oh. Dead sure… I hate the Romans already.
Reg Listen. If you really wanted to join the PFJ, you’d have to really hate the Romans.
Brian I do.
Reg Oh yeah? How much?
Brian A lot!
Reg Right. You’re in. Listen. The only people we hate more than the Romans are the fucking Judean People’s Front.
PFJ Yeah
Judith Splitters.
Francis And the Judean Popular Peoples Front.
PFJ Oh yeah. Splitters.
Loretta And the peoples Front of Judea.
PFJ Splitters.
Reg What?
Loretta The Peoples front of Judea. Splitters.
Reg We’re the Peoples front of Judea.
Loretta Oh. I thought we were the Popular Front.
Reg Peoples Front.
Francis Whatever happened to the Popular Front, Reg?
Reg He’s over there.
Заеднички историски учебници
28.02.2008.
Повод: „Со извесно задоцнување и со поттикнување од Брисел, новите држави на ЕУ го следат патот на старите членки и како мелем за историските рани и трауми од соживотот со соседите почнуваат да го користат француско-германскиот рецепт - заеднички учебници по историја.“ - А1
Предлог: Балкански учебник по историја, проследен со задолжително учење на некој од јазиците на малцинствата/соседите.
Резултат: Намалени тензии, подобрено пријателство и доверба помеѓу граѓаните.
Временска рамка: 2010-2015.
Нема ништо мирно во фашистички протести
26.02.2008.
Колку години еден обичен граѓанин на Скопје треба да штеди за да си купи кола која може за миг да се уништи со заскитан куршум или камен? Замислите што би било во наредна таква оргија на уништување да падне крв, односно некој да загине?Oбата горенаведени случаи, не се работеше за вклучување на сите граѓани, туку имаа јасна етноцентрична димензија - систем на обраќање со исклучивото „браќа и сестри“, наспроти инклузивното „браќа, земјаци и мили комшии“.Читав некој повик за иден „мирен“ протест, во кој граѓаните на РМ кои не се етнички Македонци прво се именуваат со погрдни називи, а потоа демек како знак на великодушност се користат и соодветните. Тоа не е начин да се постигне обединување, туку разединување дури и по прашањето за името, за кое како за ништо друго барем до неодамна имаше консензус бездруго кај сите жители на државава. — Развигор
Пример 1 (организаторот): „Циганите сакале да ги нарекуваме роми, во ред роми нека се. Шиптарите ти биле албанци, добро де, нека бидат. Атињаните се нарекуваат грци, ете нека им е. Татарите сакале да ги викаме бугари, и тоа може.“
Пример 2 (учесник на слични протести): „Имаше некоја странска кола не ми текнува која земја и како што имав камен сите стакла и ги искршив. И еден чича, од тие добрите, што се за со арно, ми вика Зашто? И го погледнав во очи и ми го виде гневот, очајот, немоќ, лудило, бес и се повлече ништо не рече.“
Пример 3 (наострен учесник на денешниот протест): „Море јас би влегол кај оној едноокиот Глигоров што се сложи на ФИРОМ и што ветуваше дека е ова само привремено решение кое остана до денес,он се започна и тие околу него сега да не навлегувам во тоа.Тие се криви за ова сега што ни се случува нас.И тоа би влегол како Рамбо ама Рамбо 3,и парче да ги направам,да им ја скршам кичмата,па после нека го викаат брат му да ги спаси хехехехе“ и „Ja bi vlegol vo grcka ambasada so 50 kila exloziv ali da znam posle deka ke me pamtat :)“
Пресметајте кој има добивка од радикализирање и „коштуничење“?
- Грчките политичари кои ќе докажат дека тие се демократи, а ние насилници
- Луѓето кои сакаат западна Македонија да оди во Косово, а источна во Бугарија
- Српските политичари и проширување на руската интересна зона
Не присуствувајте на протестот, не придонесувајте во зголемувањето на тензиите, омразата и радикализирањето на ситуацијата. Глупост е самото мото на протестот „нема компромис“, секои преговори, секоја војна, секоја кавга неминовно завршува со компромис. Мотото е подеднакво ирационално како српското. НЕ учествувајте во глупави фотокопии, фашизмот не е природно македонски.
ЕДИТ 1: Искажувам отворена загриженост за вечерашниот настан, организаторите го немаат ниту капацитетот ниту редарска служба да се справат со масата.
ЕДИТ 2: По два недолични напади, од луѓе кои мислат дека преку ИП пакетите можат да прочитаат нечиј патриотизам (што дефинитивно покажува нешто за нивниот ментален склоп) оваа тема е затворена.
ЕДИТ 3 - Искуства во живо: „Мене само фрапантна ми беше позицијата на специјалците на АРМ, очигледно едни од ретките ФИРОМЦИ меѓу Македонците во Македонија, кои немаат чувство за национална припадност, додека секаде се ку*чат со својата патриотски настроена воинственост и мачизам, кои почнаа да навалуваат на илјадниците млади пред истата таа Амбасада, спремни да се пресметаат со нив. Само да ги потсетам истите тие Горила, кои вечерва седеа во оклопните возила од Армијата на државава која сакаат Оние кои ги бранеа да ни ја избришат, дека од даноците што татковците на овие млади луѓе излезени вечерва, тие ги земаат астроосмките плати, за кои Вистинските Македонци се’ уште можат само да сонуваат.“
Кој ја плаќа сметката?
22.02.2008.
Двајцата глумци - претседателот и премиерот…. Прв пат сложни. Никој од нив нејќе да ја плати сметката… Нејќе ни да ја види… Најфер било народот да одлучи.
Почитувани господа, Вие и Вашите политички татковци одлучувавте 20 години за нас. Повелете… Соочете се со Вашата сметка и платете ја… Заедно. Но не се плашете. Оние што ќе се соберат пред Вашите домови и резиденции… Се оние Вашите… Оние кои ги хушкавте на минатите референдуми и избори да се собираат пред куќи на недолжни луѓе, да линчуваат. Прекрасна правда…
НЕ за референдум кој ќе Ве ослободи од одговорност за целата политика која Вашите партии на чело со Вас самите ја спроведувавте последните дваесет години. Јагниња жртвени ќе има. Но тоа ќе бидете Вие. Референдумот за името само ќе го зајакне национализмот и ќе ја одложи интеграцијата на нашата држава со ЕУ и НАТО. Ќе ни се случи Белград. Она на што и обајцата потајно се надевате. Уште неколку години сива зона.
НЕ за референдум на кој народот повторно ќе одлучува дека „било поарно грав да јадеме“. Не сакаме веќе грав да јадеме. Фала богу за разлика од Вас ете јас одам пешки, користам јавен превоз. Се среќавам со нормални и обични луѓе. Дел од нив имаат бугарски пасоши. Дел од нив аплицираат во сите можни амбасади да си одат. На Ваше разочарување… Голем дел од нив деновие и на мое изненадување се ЗА компромис и брза стабилизација и евроинтеграција на нашата држава.
Збоктисано им е од референдуми, говори, свети мисии. Не сите се богати, особено надвор од Скопје. Повеќето од нив/нас не ни знаат кој е излезот од решението. Но сите до еден го препознаа Вашиот популистички чекор да ја префрлите вината.
НЕ господа за референдум, решете го Вие проблемот. Сметката за Вашето владеење е испорачана. Платете си ја и ќутете. Така барем нема да се срамите и да си ја одлагате маката. Ако не ми верувате… Ги бројам деновите по изминувањето на двете недели кога Хавиер и Јап ќе дојдат во Скопје да Ве избрифираат (модерен збор). Како што рекоа Словенците пред еден месец…
Инаку да, нема ништо срамно во брзо разрешување на проблемот кој трае десетлетија. Мора да се затворат сите книги, да се погледне напред и да се зачекори. Како? Само еден господ знае… И Вие. Јас со моето излегување не планирам да Ве амнестирам.

Една од моите омилени епизоди од серијалот Family Guy…
Уште еден битен чекор кон Европската Федерација
13.12.2007.
Лидерите на 27-те земји членки на унијата ставија потпис на Лисабонскиот договор, документ со кој се врши голема реформа на институциите на Европската Унија.Унија ќе има претседател со пет годишен мандат, со што ќе се замени сегашниот шест-месечен ротациски систем на раководење. Унијата ќе добие и многу помоќен шеф за надворешни работи.
Се намалува бројот на еврокомесарите, Европската Комисија ќе има 17, наместо досегашните 27 евро-комесари.
Одлуките во иднина ќе се донесуваат со мнозинство, а не едногласно како што беше случај досега и тоа во 50 области во кои се вклучени и правната и полициската соработка, образованието и економската политика.
Консензусот и понатаму ќе биде потребен за надворешната политика на унијата, одбраната, социјалните прашања, даноците и културата.
Со „договорот од Лисабон“ се утврдуваат и правата на граѓаните на ЕУ - слободата на говорот и на вероисповест, но и правото на заштита на образование, колективни договори и чесни и праведни услови за работа.
Сенка на историскиот чин за ЕУ фрли одлуката на британскиот премиер Гордон Барун, да не присуствува на самата церемонија на потпишувањето.
Браун настојува да задржи дистанца кон ЕУ и со одбивањето да ја потпише декларацијата за поддршка на заедничките симболи на унијата - знамето и химната.
со „Лисабонскиот договор“ Европската Унија на подолг рок ќе се стабилизира, како урамнотежена структура на поделен национален и наднационален суверенитет.
Останува отворена можноста, во иднина унијата да прерасне во европска федерација со повеќе централизирана политичко-економска и воена власт. (А1)
Мој коментар: Ова е многу доцна, но сепак позитивно. Правењето проблеми со знамето и химната како најопиплив пример на заедничкиот идентитет и симбол на идната федерација се повеќе од очекувани. Но времето минува, некои незамисливи работи пред 10 или 20 години сега се реалност. Во чест на Спинели и другите идеолози кои ова го зацртаа уште во 50-тите години од минатиот век.
Службен весник на интернет, конечно бесплатен
13.12.2007.
Во последните 6-7 години немало јавна личност (пратеник, министер, раководител) кој има барем индиректна врска со законодавството а да не го добие моето стандардно прашање:
„Како очекувате граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат законите на својата држава, и воопшто, да знаат дека постои определена казнена одредба доколку немаат слободен пристап до истите, ако не на хартија, барем на интернет“.
Стандардниот одговор од било кој функционер на * партија (тука стави секоја поголема партија во МК) беше роботски ист: „Па знаете, ние тоа го разбираме, но одржливоста на јавното претпријатие Службен весник … бла бла бла (замени во ова со рандом политички булшит) … бла бла бла … но веруваме дека има модус за библиотеки, школи и слично”.
Мојата иницијатива да се повтори Новине народу од Хрватска кај што НВО скенираше закони и ги објавуваше бесплатно на интернет се додека Народне новине не одлучи да го направи пристапот бесплатен, не наиде на поддршка (најверојатно јас не бев доволно упорен, читај досаден). Можеби сите беа поведени од „не бранувај“ теоријата.
Ватевер, под притисок на ЕУ (во форма на knight in shiny armor) ова се промени и конечно, анбиливабл бат тру, Службен Весник е бесплатен. Иако имаат архива од 49-та ги ставиле само 2001-2007 што е пак искривување на вистината, но е чекор напред. Сега останува барем 1990-2001 да се покријат да имаме елементарно корисна база на закони.
И да не заборавам најбитното - линкот.