Кој ја плаќа сметката?
22.02.2008.
Двајцата глумци - претседателот и премиерот…. Прв пат сложни. Никој од нив нејќе да ја плати сметката… Нејќе ни да ја види… Најфер било народот да одлучи.
Почитувани господа, Вие и Вашите политички татковци одлучувавте 20 години за нас. Повелете… Соочете се со Вашата сметка и платете ја… Заедно. Но не се плашете. Оние што ќе се соберат пред Вашите домови и резиденции… Се оние Вашите… Оние кои ги хушкавте на минатите референдуми и избори да се собираат пред куќи на недолжни луѓе, да линчуваат. Прекрасна правда…
НЕ за референдум кој ќе Ве ослободи од одговорност за целата политика која Вашите партии на чело со Вас самите ја спроведувавте последните дваесет години. Јагниња жртвени ќе има. Но тоа ќе бидете Вие. Референдумот за името само ќе го зајакне национализмот и ќе ја одложи интеграцијата на нашата држава со ЕУ и НАТО. Ќе ни се случи Белград. Она на што и обајцата потајно се надевате. Уште неколку години сива зона.
НЕ за референдум на кој народот повторно ќе одлучува дека „било поарно грав да јадеме“. Не сакаме веќе грав да јадеме. Фала богу за разлика од Вас ете јас одам пешки, користам јавен превоз. Се среќавам со нормални и обични луѓе. Дел од нив имаат бугарски пасоши. Дел од нив аплицираат во сите можни амбасади да си одат. На Ваше разочарување… Голем дел од нив деновие и на мое изненадување се ЗА компромис и брза стабилизација и евроинтеграција на нашата држава.
Збоктисано им е од референдуми, говори, свети мисии. Не сите се богати, особено надвор од Скопје. Повеќето од нив/нас не ни знаат кој е излезот од решението. Но сите до еден го препознаа Вашиот популистички чекор да ја префрлите вината.
НЕ господа за референдум, решете го Вие проблемот. Сметката за Вашето владеење е испорачана. Платете си ја и ќутете. Така барем нема да се срамите и да си ја одлагате маката. Ако не ми верувате… Ги бројам деновите по изминувањето на двете недели кога Хавиер и Јап ќе дојдат во Скопје да Ве избрифираат (модерен збор). Како што рекоа Словенците пред еден месец…
Инаку да, нема ништо срамно во брзо разрешување на проблемот кој трае десетлетија. Мора да се затворат сите книги, да се погледне напред и да се зачекори. Како? Само еден господ знае… И Вие. Јас со моето излегување не планирам да Ве амнестирам.

Една од моите омилени епизоди од серијалот Family Guy…
Заќутување на интернет медиумуте: ДДоС
14.02.2008.
Почитувани посетители,Во изминатите 48 часа нашиот сајт беше изложен на т.н. Denial-of-Service интернет напад, што доведе до комплетна блокада на мрежата на нашиот хостинг партнер.
Одделот за ИТ на А1 Телевизија, во соработка со интернет провајдерот Он.нет и нашиот хостинг партнер од САД, работат на блокада на нападите и повторно нормализирање на функцијата на сајтот.
Ве молиме за разбирање до повторното воспоставување на функционалноста на сајтот.
Со почит,
А1 Телевизија
Лејт њуз, кој не се потпишал, бујрум линк.
Мојот коментар таму го пренесувам интегрално, колку да се знае.
Sekularna drzava e edinstveniot evropski koncept. Dosta so neokonzervativizam prosleden so turbo-vrednosti.
Воедно очекувам дека со ланецот на книги несвесно (или? /me goes paranoid) се flush-ираат сите блог читачи од муабетот околу црквата во центарот на Скопје, па еве малку да го заматам изворот (feed-от).
Одлични текстови на темава на: аНТИ, Гудбајтс, Вуна. Петицијата стигна и до дневните весници - пр. Утрински. е-Демократија ![]()
Масакрирајте го Велес
29.12.2007.
Реактивирањето на Топилницата ќе овозможи вработување на неколку стотици лица и зголемување на индустриското производство, но како што предупредија завчера еколошките друштва од Велес, тоа ќе значи нов еколошки удар за градот крај Вардар. Според градоначалникот Аце Коцевски, најдобро е Топилницата да се дислоцира на друго место, за што би биле потребни околу 70 милиони евра, но со оглед на цените на металите на светскиот пазар, таквата инвестиција би се исплатела за само една година. (Утрински)
Не е доволно тоа што невработеноста во овој град е над сите просеци, не е доволно тоа што банките стануваат најголеми сопственици на недвижнини во градот. Не е доволно тоа што 4-5 илјади луѓе секој ден патуваат во Скопје за да си ги прехранат своите семејства. Велес веќе е на колена, пондаведнат по 17 години транзиција. Искористете ја приликата. Под закрила на изговорот „ќе вработиме 200 луѓе“ удрете му ја секирата. Рестартирајте ја топилницата во центарот на градот. Попаметните ќе избегаат во Скопје. Оние што нема да можат полека ќе умираат. Заедно со своите деца. Единствената среќна работа која му се случи на Велес овие две декади е што конечно наутро не постои металниот мирис во воздухот. Земете им го здравјето на луѓето. Проклети ќе останете.
Едит: Линк
Дошло доба да се тужба проба
18.12.2007.
Дирекцијата за заштита на личните податоци од утре ќе може да покренува прекршочна постапка за неовластено откривање или злоупотреба на личните податоци на граѓаните.Казни од 200.000 до 300.000 денари се предвидени за правните, а од 40.000 - 50.000 денари за физичките лица. А1
Сајтот на дирекцијата. Бујрум практицирајте го Вашето право против сите спемери и злоупотребувачи на Вашите лични податоци.
Јанко ќе праќал алфи на блогери
07.12.2007.
Носи6те се у три лепе кретени!!!!!!!!! Собиранции у кафулиња!!!! Ќе ви ги пратам и алфи и лавови и 20 водњанци да ви искршат ребарата на памет да не ви падне друг пат да се заебавате ни со мене ни со МОИТЕ ГЛЕДАЧИ Ах како се заебав, абе арно ми викаше стариот НА БЛОГЕР ДА МУ ВЕРУВАШ, СВЕ ТО ТРЕБА ДА СЕ ПОАПСИ И У ЗАТВОР И ЛУДНИЦА!
10 чекори до диктатура
05.12.2007.
1. Измисли застрашувачки непријател(и).
2. Направи гулаг.
3. Ангажирај парамилитарни и параполициски формации.
4. Создади систем на внатрешна и постојана истрага, чувство на константно следење.
5. Нападни ги граѓанските асоцијации (маргинализација, омаловажување)
6. Креирај произволно притворање и ослободување за да ја зајакнеш паранојата.
7. Направи листа на клучни интелектуалци и слободоумни луѓе и сврти ја метата кон нив.
8. Контролирај ги медиумите.
9. Наречи го несогласувањето „предавство“, а критичарите „шпиони“.
10. Суспендирај го владеењето на правото.
(извор, апликацијата е универзална)
Активизам за борба против насилството врз жените
30.11.2007.
Во рамките на “16 меѓународни дена на активизам за борба против насилството врз жените” 25 ноември- 10 декември 2007 функционира блогот со ист наслов. Препорака за посета.
Говор
02.08.2007.
Нашите противници не обвинуваат, нас национал - социјалистите, и особено мене за нетолеранција и избувливост. Велат, не сакаме да соработуваме со другите партии. Велат, национал-социјалистите не се патриоти воопшто, бидејќи ја одбиваат меѓу-партискиот дијалог. Но да прашам, дали е патриотски да постојат над 30 партии? Мора да признаам една работа - овие господа се сосема во право. Ние СМЕ нетолерантни. Јас си зададов една цел - да ги избришеме овие триесет партии од лицето на земјата. Тие залудно се надеваат дека сме слични на нив. Ние имаме една цел, и ќе ја следиме фанатично и сурово до смрт!(слободен превод) (референца)(инспирација)