Говор

02.08.2007.

Нашите противници не обвинуваат, нас национал - социјалистите, и особено мене за нетолеранција и избувливост. Велат, не сакаме да соработуваме со другите партии. Велат, национал-социјалистите не се патриоти воопшто, бидејќи ја одбиваат меѓу-партискиот дијалог. Но да прашам, дали е патриотски да постојат над 30 партии? Мора да признаам една работа - овие господа се сосема во право. Ние СМЕ нетолерантни. Јас си зададов една цел - да ги избришеме овие триесет партии од лицето на земјата. Тие залудно се надеваат дека сме слични на нив. Ние имаме една цел, и ќе ја следиме фанатично и сурово до смрт!(слободен превод) (референца)(инспирација)

Наспроти сите обиди корисниците на психотропни супстанци да се декриминализираат, да се воспостави систем за нивна ресоцијализација и рехабилитација, новиот закон го криминализира поседувањето на дрога и го изедначува со трговијата. Ова за жал ќе предизвика несогледливи последици за целото општество, под закрила на турбо-конзервативизмот. Во тој прилог комплетно ја поддржувам акцијата на НВО секторот да се спречи ова смртоносно решение за повеќе млади зависници кои ќе мора да се повлечат уште подлабоко во маргините на нашето општество.

Еве дел од сведоштвата на еден британец, родител на починат зависник кој правилно го лоцира проблемот во криминализацијата на овој се поголем процент на младината. Затворите ќе донесат само повеќе кражби, самоубиства, убиства, проституција и предозирање:

So why, in the wake of so much pain, do I want to see drugs legalised? Because I believe it was not the drug itself - unlike alcohol and tobacco, heroin has no known long-term side effects - but the criminalisation of it that killed my son. In fact, a number of things contributed to his death: he was stupid enough to use heroin in the first place; he had spent five weeks in prison without drugs; on release his body could not take his normal dose (the coroner’s view); and the heroin was toxic (revealed by the inquest pathology report). Повеќе…

Што следи? Јавни погубувања на Градски??? И колку ќе биде лесно да се подметне дрога за политичка или мафијашка елиминација?

Деновиве CNN оди сторија (видео) поврзана со т.н. женско обрежување кое се практицира во делови на Африка. Утрински Весник пренесува вест од БиБиСи:

Има неколку типови осакатување, од минорни продупчувања на клиторисот до комплетно отстранување на надворешните гинеталии. Во некои случаи она што останува потоа се шие со конец, оставајќи мал отвор со големина на чкорче за уринирање. Процедурата во повеќето случаи се спроведува од постари жени кои немаат медицинска обука. Ретко се користат анестетици и зафатите понекогаш се прават со најосновни средства како што се жилет или парче стакло. Повеќе…

Опсежен текст на оваа тема има и Википедија, во кој се типизираат овие „операции“. Целата процедура нанесува неповратни психички и физички повреди, кои често завршуваат со хоспитализација, смрт, самоубиство, губење на плодот кај бремените жени кои претходно биле подложени на оваа операција, разводи заради неможност да се ужива во брачниот живот и ментални пореметувања. Само со една цел, на насилен пат да се „спакува“ поклонот пред да се „продаде“ на најдобриот купувач. Под закрила на моралот и „господ“ иако и самите свештеници го осудуваат овој потфат.

Најстрашно од оваа приказна е:

  • Самите жени ги наметнуваат овие искривени морални норми (најчесто бабите иницираат овакви процедури врз внуките)
  • „Операцијата“ без никаков анестетик се врши врз 4-6 годишни девојчиња
  • Постои цела мрежа на доктори кои ја испорачуваат оваа услуга на црно

Интересен краток игран филм на оваа тема има и на ЈуТјуб.