Фејсбук не е паланка
24.09.2008.
Денес ја добив следнава порака на Фејсбук:
Ајде да направиме една иницијатива за промена на личните податоци во кирлица. Може ?
Wow… Името и се друго на кирилица… Слично барање имаше и за апдејтите / коментарите. Има само едно мало проблемче - поголемиот дел од моите пријатели се странци. Еве еден класичен пример како сакаме да се авто-сегрегираме. Или ајде само меѓу себе да си разговараме. И онака сите не предадоа?
п.с. Слушајте Голема работа.
Се удавив во чаша / Drowning in a glass of water
23.06.2008.
Министерството за љубов и Министерството за вистина ме убедија дека јас сум го сторил делото. Отидов до чешмата, ја наполнив чашата со вода и скокнав во неа. Бирократите немо ме гледаа додека го губев воздухот не борејќи се инстинктивно за мојот живот, бидејќи има само една Вистина и една Љубов. Записничарот констатираше смрт од самоубиство, а тоа де факто и де јуре беше крунски доказ дека јас сум убиец.
Почесно отворам нова категорија на блогов - идиократија.
Едит 1: Линк кон оригиналната вест