Geek & Poke
Source: Geek & Poke

Priceless

13.12.2008.

  • Ваучер: 15500 денари
  • Ќар за ненад: 12000 денари
  • Ќар за владата: 1-4 гласа
  • Ќар за фирмите: Зголемена продажба

Злоупотреба на нашите буџетски пари: БЕСЦЕНЕТО

Калина ме замоли да одговорам на неколку прашања поврзани со ИТ, хостинг, Македонија, правецот во кој се движат датацентрите. Повеќе на следниов линк.

Денес ја добив следнава порака на Фејсбук:

Ајде да направиме една иницијатива за промена на личните податоци во кирлица. Може ?

Wow… Името и се друго на кирилица… Слично барање имаше и за апдејтите / коментарите. Има само едно мало проблемче - поголемиот дел од моите пријатели се странци. Еве еден класичен пример како сакаме да се авто-сегрегираме. Или ајде само меѓу себе да си разговараме. И онака сите не предадоа? :)

п.с. Слушајте Голема работа.

Прадедото на ООP, CAD, GUI - Иван Сатерленд од МИТ го презентира неговиот докторат - софтверот Скечпад во 1963!

Многу добар текст на Википедија.

Со новиот број на месечникот за ИТ професионалци Мрежа започна нова пракса увезена од странство - издавање на White Papers. Иако повеќето документи од овој формат што ги имам прочитано потекнуваат од корпорации, владини и невладини институции ќе си го дадам тоа право да го коментирам квалитетот на првото издание (PDF) кое се осврнува на состојбата на хрватската ИТ индустрија, особено од аспект на човечки ресурси.

Прво добрите страни - документот очекувано е интересно форматиран иако му недостасува некој вид на навигација. Јазикот е јасен и читлив. Има неколку работи кои ги имам прочитано по прв пат што е позитивно, намената на овие документи помеѓу другото е и да едуцираат.

Но за жал има повеќе лоши страни. Прво целиот текст е пишуван од прво лице како една подолга колумна. Во себе содржи доста его елементи („јас знам“, „јас како член на управен одбор на тоа и тоа дебатирав таму и таму“). Дефинитивно на еден типичен документ од овој формат му треба деперсонализација и барем виртуелна независност.  Тоа не води до вториот заклучок - документот нема јасна структура - што е контекст, што е опис на ситуација и што е решение на дадената ситуација. Контекстот е премногу општ со доста hear-say и без јасна поврзаност со остатокот од текстот.

Кога сме веќе околу решенијата, авторот не се ни труди да го пронајде. Се завршува со концептот „се надеваме се ќе биде во ред и ќе се најде решение“ без да се даде вистинска смерница или барем да се направи елементарен обид во таа насока - па ако треба и да создаде по некој непријател.

Неформалноста, нефокусираноста и немањето на суштинска тежина се трите гревови за кои што би пресудил дека и Мрежа и Иво Шпигел ќе си поминеа многу поарно доколку воопшто не објавеа оваков документ. Според мене експериментот е неуспешен.

Последно време прочитав неколку текста за проблематиката со рекламирање на социјалните мрежи. Воедно имав можност на истата тема да поразговарам со двајца кои се експерти од областа на интернет маркетингот. Сите се сложуваат дека главната болка е неможноста за квалитетно таргетирање на огласите што заради хетерогеноста на мрежите на пријатели, а што и заради огромниот број на прикажани страни на овие сајтови без јасна и квалитетна конверзија во кликови. Резултат на ова е екстремно ниската цена на рекламирање според моделот CPM, заради практично никаквото таргетирање.

Но денес бев изненаден не само од огласот на македонскиот Телеком на Фејсбук туку и од констатацијата дека и покрај генералните трендови кои се против рекламирање на овакви сајтови, Т-Хоме всушност може да има поголем бенефит отколку просекот, па и да добиеме успешен случај / приказна. Еве на кратко зошто го мислам тоа:

  • Рекламирањето на социјалните мрежи се прави најмногу за брендинг. Телеком континуирано има буџет за овој вид на кампањи.
  • Телеком најверојатно има доставено опсези на ИП адреси (како на нивните така и на конкурентите) и претпоставувам дека кампањата е таргетирана на национално ниво. Со тоа не се губат пари вон границите на пазарот.
  • Посетителите на фејсбук се млади, претежно учени луѓе кои интензивно користат интернет и останати комуникациски услуги. Дури и лично да не ги плаќаат сметките (помладите групи, студентите), тогаш барем имаат клучно влијание во кроењето на домашниот буџет за оваа намена. Тоа значи дека родителите кои немаат потреба од интернет, одлуката ќе ја препуштат на своите деца.
  • Цената на рекламирање со оглед на дифузноста е релативно ниска, што во споредба значи дека кога јас би бил Т-Хоме и Т-Мобиле под итно би ги повлекол сите кампањи од глупави ОнНет клонови со имиња на разни прехрамбени продукти и би ги инвестирал на овој поиновативен начин.

Забележав дека најваројатно посредник е httpool интернет маркетинг агенцијата. Сега неколку критики:

  • Банерот е многу лошо скалиран (текстот не е читлив). Ова под итно да си го средат.
  • Не забележав референца за следење на доаѓачкиот сообраќај. Со оглед на тоа дека посредник е httpool, претпоставувам дека перформансите на кампањата се мерат таму.
  • Банерот „скока“ кон насловната страна на Телеком. Јас лично би одбрал еден клучен производ кој во моментот го рекламирам и би ги носел корисниците директно до страната која има детален опис и можност за нарачка.
  • Освен доколку не се работи за добивка, сметам дека долгорочно е паметно директно да се соработува со Фејсбук, т.е. без посредници.

Enkin

20.06.2008.

Многу иновативен пристап - навигациски систем за Гугл Андроид (видео):


Enkin from Enkin on Vimeo.


Prema rezultatima istraživanja kojeg je naručila tvrtka Cisco, ukupno 43% rukovoditelja u Velikoj Britaniji zaduženih za informatičku tehnologiju spremno je platiti više za proizvode i usluge dobavljača koji posluju u skladu s načelima održivog razvoja. LINK - Mnogu interesen tekst.

eee.fun

25.05.2008.

Како што најавив минатиот пат, Асус веќе започнува со производство на еее со Интел Атом процесор. Но тоа е веќе стара вест. Еве нешто ново и уште поинтересно:

Prema pisanju australskih medija, Asus bi već sljedećeg mjeseca mogao predstaviti tablet verziju Eee PC-ja. Prema riječima glasnogovornice Asusovog australskog odjeljenja Emmanuele Silanesu, kompanija ima u planu predstavljanje izdanja Eeeja u kućištu koje se ne sklapa, a s ekranom osjetljivim na dodir. Detalji o specifikacijama nisu objavljeni, no može se očekivati upotreba Intelovih Atoma, SSD-ovi i Linux. BUG