Две деца наоѓаат еден дневник на партизан.
21.07.43: По долги борби со Германците ја земавме шумичката.
23.07.43: Дојдоа Германците и ни ја земаа шумичката, ама утре ќе ја повратиме.
24.07.43: Како што напишав претходнно ја вративме шумичката.
27.07.43: Се боревме со Германците за шумичката кога дојде Шумарот и сите не избрка.

Ми откажа напојувањето на мојот бе(з?)жичен D-Link рутер. На иБеј оригинал и копии се наоѓаат за 5-6 долари, додека тука за копија ми бараат 30 ЕУР, додека за 15 повеќе можам да си купам нов Netgear рутер што за мене е смешно.

Како и да е, доколку знаете нешто пишете на јпетров@гмаил.ком. И да, се обидов во Логинг.

Одлична споредба на легендарниот bash и објектно ориентираниот MS PowerShell. Link (PDF - Linux Magazine)

Follow this link, up and running in 10 minutes, free and WEP working (both ASCII and HEX keys).

Chipset: Realtek RTL8187b

Reference

(видео)

Го делам претчуството и мислењето на Букарски за Анастас.

Извинување

02.06.2008.

До сите читатели на фидот, заради помали проблеми со базата на податоци, претходниот текст се појави во неколку верзии (иако Паблиш никогаш не отиде до крај). Моментално на блогот е финалната верзија. Второ, ако на некого не му се допаѓа содржината на било кој текст, едноставно нека не клика ;)

Лордот Фаркуад е персонификација на многу владетели со диктаторски намери. Тој сака да го исчисти своето кралство од пороци, фрикови и слободоумни луѓе, како секој добар конзервативец. Го замислува Дулок како место во кое сите живеат среќно, нема ликови од бајките (вештерки, кукли кои зборуваат) што е симболика за луѓе со поинакви размислувања или боја на кожата. Сите се здрави, прави, насмеани и сите го возвишуваат него.

Во клучен дел од филмот Фаркуад ќе изјави: „Огледалце, огледалце на ѕидот, зарем нема попрекрасно кралство од Дулок?“. Но за жал (негова), Дулок не е кралство, бидејќи тој не е крал. Како секој искомплексиран диктатор, тој нема во себе сина крв. Заради тоа тој мора да најде принцеза за да го оствари својот сон (што е и главна тема на филмот Шрек). Но неговите невољи не завршуваат таму. Тој е мал по раст, а неколку пати во филмот во двојна формула е завиткана и шегата за неговата машкост. Благо речено, не е популарен кај жените.

Откако ќе добие упатства кај да ја најде принцезата, не се одлучува сам да ја спаси од змејот, како што е редот, туку е на мисла да ги прати своите витези со зборовите „Ова е мисија која е многу тешка, но не се двоумам да жртвувам некој од Вашите животи“. Типична изјава на Хитлер, Милошевиќ и било кој друг диктатор и вонаби диктатор.

Фаркуад е човек кој го води Дулок според сите стандарди на дистопија, вештачки среќно и вештачки чисто место кај што мораш да свириш по туѓа музика, онаа на искомплексираниот владетел. Уште една аналогија со тажната реалност во земјите водени од недоветни политичари е и химната на Дулок која ја пее механизиран хор како добредојде, а чиј текст личи на популистичките кампањи (на времето со разгласи и постери, а поново време и преку радио и ТВ):

Фаркуад, како во бајка, завршува во утробата на змејот. Егзодусот на сите ликови од бајките прекинува со хепи-енд - нивно здомување во царството Far, Far Away. Филмот, иако наменет за младите генерации, носи во себе многу јака вградена сублиминална порака која се поистоветува со слоганот на Дискавери Сајнс: QUESTION EVERYTHING, и бори се за својата слобода, бори се за правото на различност.

Една од најбитните алатки за самоодржување на отворените демократски општества е можноста за самозаздравување преку систематско вградување на демократските вредности, меѓу друго, и преку детски филмови. Бидејќи генерациски холокаустот лесно се заборава. Ова драматично недостасува во образованието во целиот наш регион, и е една од главните причини за мазохистичката потреба за диктаторување преточена во зборовите „добар беше Тито“, „да беше Хитлер“, и „да удри на масата, да се знае“.

Архинепријателите на Фаркуад (колачињата, магарињата и куклите кои говорат) постојат и се живи кај нас на Балканот, било тоа да се припадници од непријателскиот народ (референца 1984: Евроазија, Источна Азија), или пак внатрешни непријатели како роми, хомосексуалци, мајки кои не раѓаат или абортираат, НВО активисти, слободни новинари, опозиционери и други досадни елементи кои треба да се преселат во мочуришта, далеку од светлото на денот.

Само преку овој принцип на критички осврт демократијата, европските културни вредности и заедничката заложба за економско интегрирање на регионот ќе бидат реални. До тогаш радикалите ќе дивеат заедно со своите орди. Ова, на еден многу чуден пристап, е мојот втор предлог за регионален исчекор.

Списокот следи:

1. Интегрална регионална унифицирана историја која промовира мир и соработка

2. Општествено вградена мироградба, систематско создавање на слободоумие и востоличување на принципот на секуларност

Типичните „решенија за секоја пригода“ како морков-и-стап евро-интеграција и слично воопшто не ги споменувам бидејќи тие се контролни и реактивни, за разлика од овие кои се проактивни и синергетски.

Во чест на американскиот патриотизам кој во Македонија е појак и од домашниот, следи еден пригоден спот. Рамштајн.