Лордот Фаркуад е персонификација на многу владетели со диктаторски намери. Тој сака да го исчисти своето кралство од пороци, фрикови и слободоумни луѓе, како секој добар конзервативец. Го замислува Дулок како место во кое сите живеат среќно, нема ликови од бајките (вештерки, кукли кои зборуваат) што е симболика за луѓе со поинакви размислувања или боја на кожата. Сите се здрави, прави, насмеани и сите го возвишуваат него.

Во клучен дел од филмот Фаркуад ќе изјави: „Огледалце, огледалце на ѕидот, зарем нема попрекрасно кралство од Дулок?“. Но за жал (негова), Дулок не е кралство, бидејќи тој не е крал. Како секој искомплексиран диктатор, тој нема во себе сина крв. Заради тоа тој мора да најде принцеза за да го оствари својот сон (што е и главна тема на филмот Шрек). Но неговите невољи не завршуваат таму. Тој е мал по раст, а неколку пати во филмот во двојна формула е завиткана и шегата за неговата машкост. Благо речено, не е популарен кај жените.

Откако ќе добие упатства кај да ја најде принцезата, не се одлучува сам да ја спаси од змејот, како што е редот, туку е на мисла да ги прати своите витези со зборовите „Ова е мисија која е многу тешка, но не се двоумам да жртвувам некој од Вашите животи“. Типична изјава на Хитлер, Милошевиќ и било кој друг диктатор и вонаби диктатор.

Фаркуад е човек кој го води Дулок според сите стандарди на дистопија, вештачки среќно и вештачки чисто место кај што мораш да свириш по туѓа музика, онаа на искомплексираниот владетел. Уште една аналогија со тажната реалност во земјите водени од недоветни политичари е и химната на Дулок која ја пее механизиран хор како добредојде, а чиј текст личи на популистичките кампањи (на времето со разгласи и постери, а поново време и преку радио и ТВ):

Фаркуад, како во бајка, завршува во утробата на змејот. Егзодусот на сите ликови од бајките прекинува со хепи-енд - нивно здомување во царството Far, Far Away. Филмот, иако наменет за младите генерации, носи во себе многу јака вградена сублиминална порака која се поистоветува со слоганот на Дискавери Сајнс: QUESTION EVERYTHING, и бори се за својата слобода, бори се за правото на различност.

Една од најбитните алатки за самоодржување на отворените демократски општества е можноста за самозаздравување преку систематско вградување на демократските вредности, меѓу друго, и преку детски филмови. Бидејќи генерациски холокаустот лесно се заборава. Ова драматично недостасува во образованието во целиот наш регион, и е една од главните причини за мазохистичката потреба за диктаторување преточена во зборовите „добар беше Тито“, „да беше Хитлер“, и „да удри на масата, да се знае“.

Архинепријателите на Фаркуад (колачињата, магарињата и куклите кои говорат) постојат и се живи кај нас на Балканот, било тоа да се припадници од непријателскиот народ (референца 1984: Евроазија, Источна Азија), или пак внатрешни непријатели како роми, хомосексуалци, мајки кои не раѓаат или абортираат, НВО активисти, слободни новинари, опозиционери и други досадни елементи кои треба да се преселат во мочуришта, далеку од светлото на денот.

Само преку овој принцип на критички осврт демократијата, европските културни вредности и заедничката заложба за економско интегрирање на регионот ќе бидат реални. До тогаш радикалите ќе дивеат заедно со своите орди. Ова, на еден многу чуден пристап, е мојот втор предлог за регионален исчекор.

Списокот следи:

1. Интегрална регионална унифицирана историја која промовира мир и соработка

2. Општествено вградена мироградба, систематско создавање на слободоумие и востоличување на принципот на секуларност

Типичните „решенија за секоја пригода“ како морков-и-стап евро-интеграција и слично воопшто не ги споменувам бидејќи тие се контролни и реактивни, за разлика од овие кои се проактивни и синергетски.

Во чест на американскиот патриотизам кој во Македонија е појак и од домашниот, следи еден пригоден спот. Рамштајн.

If somebody googles this page:

I have found functional (windows) drivers for Genius TwinkleCam DC-2110 Web-cam. LINK

I lost few hours to find them (not available at vendor site), original media got destroyed.

Myth: BUSTED!

30.04.2008.

Нешто околу фамозната реклама за промоција на веронауката со Ајнштајн што се врти на телевизија под закрилата на кампањата „Образование за сите“. Многу ми е радост што ќе го напишам ова, јас како агностик-или-атеист-цртичка-скептик:

УРБАНА ЛЕГЕНДА * ЛАГА * СПЕМ * HOAX * НЕ Е ТОЧНО * АЈНШТАЈН НЕ ВЕРУВА ВО ГОСПОД СПОРЕД ЦРКВАТА

МYTH: BUSTED!

(TAX MONEY: WASTED!)

Во еден текст за Руби во Реџистер повторно го сретнав изразот балканизација. Сериозно, ова е општо прифатен и литературен збор во англискиот. Сликава вреди илјада зборови, наместо пејст од дефиницијата:

Twitter tutorial video:

Линк кон одличен текст кој освен ова видео има многу корисни линкови.

Viral Music Marketing

20.04.2008.

On a busy corner in São Paulo, Brazil, street vendors pitch the latest “tecnobrega” CDs, including one by a hot band called Banda Calypso. Like CDs from most street vendors, these did not come from a record label. But neither are they illicit. They came directly from the band. Calypso distributes masters of its CDs and CD liner art to street vendor networks in towns it plans to tour, with full agreement that the vendors will copy the CDs, sell them, and keep all the money. That’s OK, because selling discs isn’t Calypso’s main source of income. The band is really in the performance business — and business is good. Traveling from town to town this way, preceded by a wave of supercheap CDs, Calypso has filled its shows and paid for a private jet. [Wired]

Зошто Македонија треба да побрза во евро-интегративните процеси:

АМБО е блокиран од Бугарија во интерес на нафтоводот Бургас-Алексанрополис, Албанија (не)свесно ги проблематизираше тендерите за коридорот Бугарија-Македонија-Албанија, Грција се приклучи на рускиот гасовод Јужен Тек кој мине низ Србија, Бугарија и Грција. Нашата патна мрежа е драматично влошена, сите пари се перат во партиски цели последниве 20 години, а се затвораат ситни криминалци на дното на аквариумот. Исто така запазете дека Русија свесно ја избегнува Македонија во своите енергетски мрежи, додека соработката со Бугарија и Грција и годи.

Доколку продолжи овој тек на настаните, а Македонија остане вон инфраструктурните фондови на
Унијата, ќе станеме економско и транзитно слепо црево на Југот на Европа особено имајќи го во предвид проектот за супер-автопат Белград-Софија-Солун. Албанија се повеќе оди кон целта за продолжување на Јадранската магистрала која наскоро ќе треба да прерасне во автопат, со продолжување по Јонското крајбрежје на Албанија се до Игуменица во јужен Епир, кај што повторно има агенда за поврзување на овој далечен регион на Грција со Солун со модерен пат со многу тунели.

Гледајќи ги руските, грчките, албанските, српските и бугарските интереси, многу многу лесно ќе се случи комплетно заобиколување на Македонија, а квалитетот на нашата мрежа ќе се сведе на руралниот црногорски или босански. Без нови инвестиции и со корупција која трае, а никогаш не е фоксуирана кон capoera maestra.

Патувајќи низ Косово неодамна, забележав дека таму полицијата и возачите многу повеќе се грижат за сообраќајниот ред отколку кај нас, а тие сеуште не се ни држава, така да речам.

Најбитното на крај. Државава потроши огромна политичка енергија во преименувањето на нашите аеродроми, поставувањето на црната глава на Александар во Скопскиот. Но она што мора да се каже дека аеродромите се во катастрофална состојба, погрди и понефункционални се од Скопската меѓуградска автобуска станица. Срам за сите кои доаѓаат од странство, чисто тормозење. Вработените се непрофесионални (пред еден месец доцнев 30 минути во Будимпешта и цел авион ме чекаше кон Брисел само заради тоа што се успаа господата да направат контрола и чекирање, во 5 наутро). Да не зборуваме за катастрофалната статистика за безбедност во авио-сообраќајот во Македонија и фактот дека најбитната алка во целата приказна - контролорите на летови се третирани како магационери, со договори на дело.

Наместо трошење на енергија на глупости, аеродромите мора да се оспособат со капацитети, квалитетни луѓе, технички апарати. Македонија има прекрасна клима, немаме урагани, торнада, јаки ветришта. Но сепак годишните забрани за летови се поголеми од било кој американски аеродром, заради недостаток на софистицирани апарати. За поздравување е идејата за давање на аеродромите под концесија, но се се плашам дека ќе ни се повтори Атила.

Аеродромите се новите пристаништа, двигатели на економијата. Мораме многу повеќе да вложиме, но и да се привлечат битни играчи како Рајан, Изи. Само на тој начин ќе процвета туризмот и бизнисот. И директни летови до сите битни метрополи. А за ова е потребна стратегија а не политикантство.

Шансите Македонија да остане транзитна земја, на патот помеѓу истокот и западот истекуваат, се бројат во години. Сите политички гарнитури имаат свој удел во тоа, некој поголем а некој помал. Но битно е да се каже дека повеќе време нема. Ќе не заобиколат, ќе ни стават визи, ќе не затворат херметички и ќе не заборават. Ќе испоцркаме среде Европа.

Виста видео

17.04.2008.

Видео спот направен за продажните тимови на Microsoft: