Препорака: GMail Mobile
27.02.2008.

Неколку недели по официјалното лансирање го инсталирав ГМаил за мобилни телефони на мојот телефон кој инаку и не е многу нов и моќен (Сони Ериксон К310и). Користејќи го до денес, морам да кажам искрено дека сум прероден, особено имајќи во предвид дека службено многу зависам од овој тип на комуникација. Не само што можам да го користам на пат, да не трошам премногу сообраќај заради интелигентниот интерфејс и концепт, но воедно имам пристап и до огромната база на контакти, архивата од повеќе гигабајти и најбитно од се - отворањето на атачменти за кои инаку мојот телефон нема соодветна поддршка (ПДФ, Ворд, Ексел итн). Сето тоа работи беспрекорно, неколку пати до сега ми има спасено доста нервози. Плус е синхронизирано со мојот основен налог и функционира супер. Исто така доколку имате домен чии мејлови се управуваат преку Гугл Апс, можете да му пристапите и на тој налог.
Во секој случај, искрена препорака, моќна, едноставна и бесплатна алатка. Вистински мобилен два-нула во џеб.
02.03.2008. at 07:57
Ех.. ЏиМејл мобајл.. фина ствар е ова. Сепак, ЏиМејл има еден голем проблем…
Пред извесно време ми исчезнаа сите пораки од инбокс (само од инбокс, пораките во другите фолдери си стојат)!
Без причина, без да се случи нешто сомнително со акаунтот, или налогот како што велиш ти. Без да се појави некаква грешка. Не проверувам со ПОП3 и мејл, не сум менувал ништо во подесувањата на аканутот. Пораките едноставно исчезнаа. Е-маил адресата ја проверувам исклучиво од веб. Прогуглав и заклучив дека истото им се случило и на илјадници други корисници ширум светот. Проблемот се појавува кај корисници на џимејл повеќе од една година.
Не се обидов да контактирам со поддршката на џимејл, но, од оние што веќе контактирале со нивната поддршка слушнав (прочитав) дека гугл не го признава проблемот… и решение секако, НЕМА.
И така, сакам да те предупредам тебе а и сите што користат џимејл за работа и слични “сериозни активности“ да не се ослонуваат премногу на е-мејл сервисот на гугл, сепак, изгледа дека не е идеален како што се мислеше дека е.