Според луѓето од IDG (PC World, IDG Books, IDC) експериментот наречен транзиција кон интернет за нив како компанија која живее од печатените медиуми е крајно успешен. Во 2002 14% од рекламите биле дистрибуирани преку интернет, додека сега тоа е 52%. Со оглед на многу добрите маргини благодарение на поефикасниот начин на дистрибуција (расходи за печатење, дистрибуција), овој прилив од интернет рекламите учествува со 70% во крајниот приход на компанијата. Неделникот InfoWorld прекина со печатењето и продолжи исклучиво на интернет. За разлика од претходната година, ова издание прави повеќе пари иако нема печатени реклами. Повеќе во текстот на Њу Јорк Тајмс.

Мора да се има во предвид дека оваа куќа е ориентирана кон компјутерски изданија. Отворено е прашањето како би одела конверзијата на некоја по-офлајн групација. Исто така интересно ќе биде како регионалниот лидер Баг ќе го помине овој период.


Коментари