Кога би се погледнале во огледало, дали ви личи земјата на кандидат за ЕУ, му рекол еврокомесарот за проширување Оли Рен на претседателот Црвенковски.

Ви личи ли оваа земја, да има физички пресметки во Собранието, премиерот да одбива да го признае легитимитетот на Претседателот. Како може тогаш да се очекува кохабитација? Да одбива да има средби со другите политички лидери, целејќи на Ахмети.

Вашата политичка атмосфера не е погодна за реформи, му објаснил Рен на Црвенковски и прецизирал, прогресот во неколку области е блокиран. Не се работи за забавување, туку за блокада. Континуираните политички тензии го нарушуваат имиџот на земјата. (А1)


9 одговори на “Напред, назад не знам где, лична карта празна је”

  1. Игор Рече:

    Прво, мене ме интересира што му одговорил Црвенковски…

    „Па да ти кажам прао, изглеа боље него ја шо ја остаив….“ :)

    Или молчел само сфаќајќи дека и тој имал влијание кон целата атмосфера непогодна за реформи заедно со владата кога се глупираа и караа како мали деца на кого му е поголем (рејтингот).

  2. Jovan Рече:

    Македонија е во драстично полоша состојба со ЕУ во моментов. Најсмешно од се е што МК имаше најдобри шанси во 91. :)

  3. Новица Рече:

    ЕУ може да оди по ѓаволите. Ја разбирам целата аргументација дека нашиве политичари се шупци, ама па толку замарање од страна на ЕУ за една педа земја и 2 милиони луѓе е нон-сенс. Ако ништо друго треба да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги примет во ЕУ кога веќе политичарите им се шупци. А од друга страна, политичарите се веќе во ЕУ. Дипломатски пасоши и сл.

    Во суштина нема никаква закана (било политичка или не) што може да го загрижи просечниот македонски граѓанин. Дури и ако се земе во предвид поголемиот успех на оваа влада во однос на претходните, работите се толку лоши што помислата „полошо од ова“ звучи на сатира.

  4. Jovan Рече:

    “работите се толку лоши што помислата „полошо од ова“ звучи на сатира”

    рекурзија :)

  5. Jovan Petrov Рече:

    http://tinyurl.com/26bl6j

  6. Игор Рече:

    Мислам дека барем кај нас очигледно недостасува доза на евроскептицизам.
    Ама јас благодарение на европејците полека почнувам да го развивам.

    Во денешен дневник пишува дека и Србија била пред нас во ЕУ интеграциите, Србија која сакаше да влезе во унија со Русија и Белорусија.

    Мислам дека тоа ми ја прели чашата, и од сега секое реформско барање од ЕУ кај мене ќе поминува низ филтерот стварно неам време да се замарам со нив. Или одземето го кандидатскиот статус или дајте датум за преговори. Толку.
    Огледала, Доријан Греј и сл..

    Секоја почит за храброста на Јанез Јанша, такви политичари и се потребни на Европа. Не бирократи како Рен и Баросо. Кои немаат сила да донесат ако треба и политичка одлука.

  7. Jovan Рече:

    не не не…

    чекајте. настрана про-ет-контра еу.

    Рен е во право бе луѓе! Но не се замара да види дека на пр. не се работи за недостаток на кохабитација на двете функции туку на две половини на македонскиот народ. Сите, вклучувајќи ја и оваа влада, да не речам особено, направија се да се закрвавиме со нашите комшии и роднини, да клекнеме економски, психолошки и професионално. Од друга страна пак, корупцијата е нешто што зрачи од долу нагоре и е исконска, на ниво на „чувај ми шпиц за беспари“.

    Корупцијата за 0 денари (онаа за милиони евра и онака постои во цел свет) и омразата меѓу мк-мк, мк-ал, ал-ал се реална пречка за нашиот прогрес.

    Е сега кога некој тоа ќе ни го рече во лице, одма стануваме скептици. Тоа е.

    Србија има просечна плата 30-50% подобра од македонската, има невработеност 2х помала од македонската, има поздрава индустрија и извоз. Нивната косовска катарза и радикализам се причините заради кои се кочи работата. Но гледајќи ги параметрите, луѓе, и албанија и босна се пред нас - сакале тоа ние да го признаеме или не.

    Босна (бев пред пола година), која уште патиштата и зградите и се избушени со шрапнели. Босна во која нема државна управа. Босна со омразата, логорите. Босна е пред нас ејјјј! Бугарија има едноцифрена невработеност, истата бугарија на која и позајмивме брашно по банкротот. Романија чии граѓани имам гледан како апсат по МК возови додека се „шверцаат“ кон грција. Албанија која имаше граѓанска војна и која до 90-тите немаше лични превозни средства.

    Катастрофа, нека се гони и Рен и сите, ова нема врска со ЕУ и со нивните кармата на нивните преосвештенства, ооо севишните и предобрите Груевски и Црвенковски. Ова е крај на програмата, заклучок дека живееме во крајно несериозна земја со мрзливи, тврдоглави луѓе.

    Јас лично на сите им дадов време од 2 години. Или 2009 ќе бидеме во НАТО и на добар пат пред 2013-2014 да бидеме во ЕУ (како што одамна и ветуваа луѓето од ЕУ, оние скептичните а не оптимистите), или јас едноставно ги прекинувам „односите“ со оваа држава и си наоѓам нов, подосаден и помирен дом. Некое место кај што луѓето немаат поима кој им е претседател, имаат добра плата и се вработени, си ја бркаат работата и не се занимаваат со глупости.

  8. Игор Рече:

    Е па тука лежи зајакот, ЕУ сега гледа дека живееме во крајно несериозна земја со мрзливи, тврдоглави луѓе.

    Јас тоа го знам уште кога комесар за проширување пред Рен беше, Ферхојген, кога ја испуштивме агендата 2000.

    И сега стварно ми е мачно од Брисел да ми кажуваат нешто што мене ми е кристално јасно пошто јас живеам со истите тие мрзливи, тврдоглави луѓе.

    Тие проклети 2 години, ќе поминат, само се плашам дека а мислам и дека ти знаеш дека нема кој што да промени.

    Спореди 17 залудно изгубени години со 2 звучи проклето невозможно.

    Затоа мислам дека Јанша е во право, но….ќе видиме.

  9. дамјан Рече:

    хмм, тоа tinyurl-то каде треба да иде?
    тоа web builder-от на nextsense е срање и не знае за пермалинкови

Коментари