Во последните 6-7 години немало јавна личност (пратеник, министер, раководител) кој има барем индиректна врска со законодавството а да не го добие моето стандардно прашање:

„Како очекувате граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат законите на својата држава, и воопшто, да знаат дека постои определена казнена одредба доколку немаат слободен пристап до истите, ако не на хартија, барем на интернет“.

Стандардниот одговор од било кој функционер на * партија (тука стави секоја поголема партија во МК) беше роботски ист: „Па знаете, ние тоа го разбираме, но одржливоста на јавното претпријатие Службен весник … бла бла бла (замени во ова со рандом политички булшит) … бла бла бла … но веруваме дека има модус за библиотеки, школи и слично”.

Мојата иницијатива да се повтори Новине народу од Хрватска кај што НВО скенираше закони и ги објавуваше бесплатно на интернет се додека Народне новине не одлучи да го направи пристапот бесплатен, не наиде на поддршка (најверојатно јас не бев доволно упорен, читај досаден). Можеби сите беа поведени од „не бранувај“ теоријата.

Ватевер, под притисок на ЕУ (во форма на knight in shiny armor) ова се промени и конечно, анбиливабл бат тру, Службен Весник е бесплатен. Иако имаат архива од 49-та ги ставиле само 2001-2007 што е пак искривување на вистината, но е чекор напред. Сега останува барем 1990-2001 да се покријат да имаме елементарно корисна база на закони.

И да не заборавам најбитното - линкот.


5 одговори на “Службен весник на интернет, конечно бесплатен”

  1. Volan Рече:

    Ова досега стопати сум го барал јавно … конечно на некому му текна …

    поздрав.

  2. Ванчо Рече:

    Фала богу!
    Е сега, нема пребарување - сите службени весници се во pdf формат. Ај да почнеме нова „рунда разговори“ со политичарите за да може да се овозможи и некакво пребарување. Инаку, не ти гине листање едно по едно.
    Или, ако размислам, можеби ако ги симнам сите на мој сервер, ги конвертирам pdf-ите во текст, некако да ги индексирам … можеби и ќе може.

  3. Jovan Petrov Рече:

    ќе почекам да го помине гугл, па ќе пробаме со custom search, ако работи супер.

  4. Tome Рече:

    HTTP/403 - Forbidden
    толку од службен весник :)

  5. Elena Рече:

    И покрај сите обиди не можев да влезам на сајтот на Сл. весник. Најверојатно го прекинале во моментот кога требало да станат достапни на сите. Можеби би требало да се направи една поширока реакција во врска со ова бидејќи претставува чиста злоупотреба на положбата.

Коментари