Уште еден битен чекор кон Европската Федерација
13.12.2007.
Лидерите на 27-те земји членки на унијата ставија потпис на Лисабонскиот договор, документ со кој се врши голема реформа на институциите на Европската Унија.Унија ќе има претседател со пет годишен мандат, со што ќе се замени сегашниот шест-месечен ротациски систем на раководење. Унијата ќе добие и многу помоќен шеф за надворешни работи.
Се намалува бројот на еврокомесарите, Европската Комисија ќе има 17, наместо досегашните 27 евро-комесари.
Одлуките во иднина ќе се донесуваат со мнозинство, а не едногласно како што беше случај досега и тоа во 50 области во кои се вклучени и правната и полициската соработка, образованието и економската политика.
Консензусот и понатаму ќе биде потребен за надворешната политика на унијата, одбраната, социјалните прашања, даноците и културата.
Со „договорот од Лисабон“ се утврдуваат и правата на граѓаните на ЕУ - слободата на говорот и на вероисповест, но и правото на заштита на образование, колективни договори и чесни и праведни услови за работа.
Сенка на историскиот чин за ЕУ фрли одлуката на британскиот премиер Гордон Барун, да не присуствува на самата церемонија на потпишувањето.
Браун настојува да задржи дистанца кон ЕУ и со одбивањето да ја потпише декларацијата за поддршка на заедничките симболи на унијата - знамето и химната.
со „Лисабонскиот договор“ Европската Унија на подолг рок ќе се стабилизира, како урамнотежена структура на поделен национален и наднационален суверенитет.
Останува отворена можноста, во иднина унијата да прерасне во европска федерација со повеќе централизирана политичко-економска и воена власт. (А1)
Мој коментар: Ова е многу доцна, но сепак позитивно. Правењето проблеми со знамето и химната како најопиплив пример на заедничкиот идентитет и симбол на идната федерација се повеќе од очекувани. Но времето минува, некои незамисливи работи пред 10 или 20 години сега се реалност. Во чест на Спинели и другите идеолози кои ова го зацртаа уште во 50-тите години од минатиот век.
14.12.2007. at 00:43
Пак ли во федерација ќе влагаме?