Колку години еден обичен граѓанин на Скопје треба да штеди за да си купи кола која може за миг да се уништи со заскитан куршум или камен? Замислите што би било во наредна таква оргија на уништување да падне крв, односно некој да загине?Oбата горенаведени случаи, не се работеше за вклучување на сите граѓани, туку имаа јасна етноцентрична димензија - систем на обраќање со исклучивото „браќа и сестри“, наспроти инклузивното „браќа, земјаци и мили комшии“.Читав некој повик за иден „мирен“ протест, во кој граѓаните на РМ кои не се етнички Македонци прво се именуваат со погрдни називи, а потоа демек како знак на великодушност се користат и соодветните. Тоа не е начин да се постигне обединување, туку разединување дури и по прашањето за името, за кое како за ништо друго барем до неодамна имаше консензус бездруго кај сите жители на државава. — Развигор

Пример 1 (организаторот): „Циганите сакале да ги нарекуваме роми, во ред роми нека се. Шиптарите ти биле албанци, добро де, нека бидат. Атињаните се нарекуваат грци, ете нека им е. Татарите сакале да ги викаме бугари, и тоа може.“

Пример 2 (учесник на слични протести): „Имаше некоја странска кола не ми текнува која земја и како што имав камен сите стакла и ги искршив. И еден чича, од тие добрите, што се за со арно, ми вика Зашто? И го погледнав во очи и ми го виде гневот, очајот, немоќ, лудило, бес и се повлече ништо не рече.“

Пример 3 (наострен учесник на денешниот протест): „Море јас би влегол кај оној едноокиот Глигоров што се сложи на ФИРОМ и што ветуваше дека е ова само привремено решение кое остана до денес,он се започна и тие околу него сега да не навлегувам во тоа.Тие се криви за ова сега што ни се случува нас.И тоа би влегол како Рамбо ама Рамбо 3,и парче да ги направам,да им ја скршам кичмата,па после нека го викаат брат му да ги спаси хехехехе“ и „Ja bi vlegol vo grcka ambasada so 50 kila exloziv ali da znam posle deka ke me pamtat :)“

Пресметајте кој има  добивка од радикализирање и „коштуничење“?

  • Грчките политичари кои ќе докажат дека тие се демократи, а ние насилници
  • Луѓето кои сакаат западна Македонија да оди во Косово, а источна во Бугарија
  • Српските политичари и проширување на руската интересна зона

Не присуствувајте на протестот, не придонесувајте во зголемувањето на тензиите, омразата и радикализирањето на ситуацијата. Глупост е самото мото на протестот „нема компромис“, секои преговори, секоја војна, секоја кавга неминовно завршува со компромис. Мотото е подеднакво ирационално како српското. НЕ учествувајте во глупави фотокопии, фашизмот не е природно македонски.

ЕДИТ 1: Искажувам отворена загриженост за вечерашниот настан, организаторите го немаат ниту капацитетот ниту редарска служба да се справат со масата.

ЕДИТ 2: По два недолични напади, од луѓе кои мислат дека преку ИП пакетите можат да прочитаат нечиј патриотизам (што дефинитивно покажува нешто за нивниот ментален склоп) оваа тема е затворена.

ЕДИТ 3 - Искуства во живо: „Мене само фрапантна ми беше позицијата на специјалците на АРМ, очигледно едни од ретките ФИРОМЦИ меѓу Македонците во Македонија, кои немаат чувство за национална припадност, додека секаде се ку*чат со својата патриотски настроена воинственост и мачизам, кои почнаа да навалуваат на илјадниците млади пред истата таа Амбасада, спремни да се пресметаат со нив. Само да ги потсетам истите тие Горила, кои вечерва седеа во оклопните возила од Армијата на државава која сакаат Оние кои ги бранеа да ни ја избришат, дека од  даноците што татковците на овие млади луѓе излезени вечерва, тие ги земаат астроосмките плати, за кои Вистинските Македонци се’ уште можат само да сонуваат.“


4 одговори на “Нема ништо мирно во фашистички протести”

  1. Алекс Букарски Рече:

    Многу храбро од тебе Јоване! Браво и поздрав!

  2. Стојанче Рече:

    Конечно некој паметен да се најде на светов! :)

  3. Алекс Букарски Рече:

    Стојанче братче, што не си и ти еднаш паметен а прв, наместо други да тапкаш по раменце.

  4. GoodBytes Рече:

    Ако не се мисли, и едни добронамерни протести на луѓе кои искрено си ја сакаат земјата и си го ценат идентитетот можат лесно да прераснат во насилство и дивеење. Ова особено ако се земе во предвид колку им е скисната мизеријава на сите нормални граѓани.

    Аргументите и законите се на наша страна, а исто и мнозинството од држави и јас сум лично убеден дека спорот со името можеме да го решиме во наша полза, под услов да задржиме ладни глави. Грците нема да пропуштат да искористат се’ што може да им послужи како адут, па затоа секој нека си пази што прави. Тоа важи и за протести, и за форуми и блогови.