Значи 7000 години писменост (автоцензуриран е постерот, го нема веќе на ниеден блог). Еве неколку примери напишани од организаторите и нивните најблиски соработници:

  • Но, само со овој собир, работата не е завршена. Што би кажал Тони Михајловски “ова е само ѓенерална проба“. Линк
  • Грц и Влас (едина за грци и власи, големата буква е оригинално користена среде реченица -се повторува во коментарите на определени „бранители“ кај Букарски)

Браво! Не сте имале време да го прочитате Конески од илјадници томови античко-македонска литература (еве предложете 10 наслови од нашата исконска книжевност). И следниот митинг кога ќе организирате пале.. ова митинг не се чудете зошто немало скопјани, па сте морале да носите партиски војници со автобуси. Среќа КОС Сител Ви ја спаси честа.

Баш добро што го дигнаа Тодор Александров. Но сигурно ова донесе нови забуни и внатрешни превирања кај дел од „патриотите“. Биполарната бугаро-љубо-омраза проработи. Онака антички. Среќа грците се тука како архетипски непријател за сплотување на ирационалистите од сите „вери“. Фак ју нато…


2 одговори на “Македонците, македонството и македонскиот”

  1. Комитата Рече:

    http://komitata.blogspot.com/2008/02/blog-post_27.html - Бугарите всичко пазят бе. Ето го при мене.

  2. Ванчо Рече:

    Браво бе, Јован!
    Токму моите размислувања …
    Заклучно со шизофреничниот (да не кажам и едиповскиот) однос на „комитите“ и бугарската мајка. Многу, особено многу, збунети луѓе.

Коментари