Масакрирајте го Велес
29.12.2007.
Реактивирањето на Топилницата ќе овозможи вработување на неколку стотици лица и зголемување на индустриското производство, но како што предупредија завчера еколошките друштва од Велес, тоа ќе значи нов еколошки удар за градот крај Вардар. Според градоначалникот Аце Коцевски, најдобро е Топилницата да се дислоцира на друго место, за што би биле потребни околу 70 милиони евра, но со оглед на цените на металите на светскиот пазар, таквата инвестиција би се исплатела за само една година. (Утрински)
Не е доволно тоа што невработеноста во овој град е над сите просеци, не е доволно тоа што банките стануваат најголеми сопственици на недвижнини во градот. Не е доволно тоа што 4-5 илјади луѓе секој ден патуваат во Скопје за да си ги прехранат своите семејства. Велес веќе е на колена, пондаведнат по 17 години транзиција. Искористете ја приликата. Под закрила на изговорот „ќе вработиме 200 луѓе“ удрете му ја секирата. Рестартирајте ја топилницата во центарот на градот. Попаметните ќе избегаат во Скопје. Оние што нема да можат полека ќе умираат. Заедно со своите деца. Единствената среќна работа која му се случи на Велес овие две декади е што конечно наутро не постои металниот мирис во воздухот. Земете им го здравјето на луѓето. Проклети ќе останете.
Едит: Линк
29.12.2007. at 23:43
Јас идам во Велес уште од мал, а сепак не се сеќавам на метален мирис.
А морам да додадам дека и тетка ми беше вработена во топилницата, па ништо не и фали.
Ние луѓето понекогаш знаеме да претераме со работите.
:) 
30.12.2007. at 00:23
Види Стојанче,
ти можеш слободно да се преселиш кај тетка ти. Кадмиумот нема мирис точно е. Но има лик
17.01.2008. at 22:08
Јован,
Сум слушнала дека и самите велешани во педесетите години инсистирале топилницата да биде лоцирана таму каде што е сега. Уште тогаш постоела опција таа да е на другата страна на Вардар. Но, како и да е, “виша сила” и онака одлучила за толку судбини, а одлуката немала врска со желбите на мештаните…
Позз