Ајмо некст левел
27.02.2008.
- Ние сме словени.
- Исто толку сме старо-македонци колку власите, албанците, грците. А можеби и помалку. (асимилација)
- Нашето изворно потекло е од зад карпатите, се имаме доселено во 7-ми век тука.
- Немаме ексклузивно право за користење на името Македонија, но исто така и нема никој друг право на ексклузивитет.
- Нашите прозветители се Св. Кирил и Методиј, Крсте Петков Мисирков, Коста Солев Рацин, Блаже Конески
- Нашите воини се Питу Гули, Гоце Делчев, храбрите комити и партизани
- Ние никогаш не сме биле во фаланги
- Нашата држава не сака војни, не сака крв, сака евро-интеграција
- Ова е Вардарска Македонија
- Нашата држава е про-европска и про-американска
- Ќе влеземе во НАТО и ЕУ
- Ќе бидеме добри комшии со сите вклучувајќи ги и грците (на взаемен труд)
- Најверојатно за неколку дена или седмици ќе го признаеме Косово а со тоа и хегемонијата која беше вршена таму со децении, поддржана и од наши полициски сили.
Е таму лежи пола од нервозата. Како по обичај заради глупави причини и вон мојата вообичаена политика, овие постови се затворени за коментари.