Бидејќи ќе биде, кај и да е. Малку проширување на речникот не ќе пречи, Бадентер 20 години не го оставивме на мира. Првиот термин ми е „најнов“. Го слушнав за прв пат пред едно десетина години на една трибина во канцеларијата на Фрчковски на Правен, а еден од говорниците беше (тогаш асистент) Ѓорѓе Иванов. Инаку притисокот за овој модел (докомплетирање на Рамковниот преку право на најмоќната партија од секој етникус да биде мандатар) е една од тајните и моќни сили кои во моменталниов „спин“ со Грција вооптшо не доаѓа до израз. Но ќе си дојде се на своето, а Вие ќе бидете побогати за неколку термини (доколку не сте ги знаеле) пред да почнат да се „верглаат“ по весниците со „откритија“ дека тоа веќе постоело во Белгија, Швајцарија, Јужна Африка…


Еден одговор на “Рамковен речник 2.0”

  1. Jovan Petrov Рече:

    2 недели потоа, Ванковска веќе на големо зборува за капацитетот на прагматизам во нашето консоцијално општество. http://blog.com.mk/node/156263

Коментари