Asus Eee PC 900 - almost there
16.04.2008.
Пред неколку дена ми падна во раце идеалниот кандидат за втор лаптоп (нешто како Шевролет Спарк, КИА Пиканто или Тојота Јарис во светот на преносните компјутери). Се разбира се работи за првата генерација на Аsus Eee која се продава во моментов во Македонија (со 3-4 месечно задоцнување) во АМЦ. Она што го знаев за овој прилично евтин суб-ноутбук беше дека ми се допаѓа идејата, но дека резолуцијата на мониторот (800 пиксели) е премала за основна употреба како сурфање. Иако сакав да го купам од америка уште пред нова година, одлучив да ги почекам наредните генерации. Генерално 4 или 8 Гигабајти не е премногу простор иако врши работа.
Искуството во живо ги потврди моите симпатии особено со брзината на самиот компјутер иако тој модел работи на „само“ 620 MHz (underclocking). Она што ми го расипа филингот беше што „газдата“ на компјутерот одлучил да го преинсталира линуксот со Виндоус. Иако одлично работи, сепак на модел од 4Гб според мене тоа е чиста глупост. Но секој со своите навики.
На Реџистер и Енгеџет има неколку текстови за новиот модел (900). Лоши работи: сеуште го користи Целерон М процесорот но овој пат на полни 900MHz. Добри работи: 1Гб РАМ (повеќе од доволно за се освен Виста), 12 и 20Гб флеш диск (20-ката во комбинација со Убунту е повеќе од доволно за било што), и најбитно 8.9 инчен монитор кој работи во резолуција од 1024 пиксели. Освен тоа забележав дека тачпадот има мулти-тач функционалност (видете видео, 3:50). И ги нема веќе грдите звучници од страните на мониторот.

Дали би го купил? Сеуште не, би го почекал Интел Атом, и со буквално истава конфигурација, одговорот би бил ДА. 500 долари е прилично добра сума. Практично видов дека квалитетот на градба на лаптопот е на повеќе од добро ниво, има чувство дека се се вклопува, нема крцкање, затворањето работи супер, мониторот иако мал е доста јасен и светол и во дневни услови вон канцеларија.
Заклучок: Новиот модел е скоро перфектен. Јас ќе си го купам следниот и ќе му ставам Убунту или ќе го оставам преинсталираниот линукс. Тешко на конкуренцијата на Асус.
Во прилог и видеото:
16.04.2008. at 13:56
Да бе втор лаптоп… Кај нас Шевролет Спарк, КИА Пиканто или Тојота Јарис се најчесто први возила…
16.04.2008. at 14:09
Па ако ова ти е прв лаптоп си се зезнал. Има многу работи како на пример премала тастатура или монитор што спречува да работиш на него 10часа на пример. Но за презентации, состаноци, во авион, на викенд е супер. Доколку си не-ИТ човек и користиш лаптоп само спорадично, а не за живеење, тогаш да може да ти биде и прв лаптоп.
Инаку ми се допаѓа Пиканто, во моментов немам кола (го продадов Ситроенот, прескапо одржување). Ако се помине како што планирам, можеби ќе си земам едно, гледам и не е скапо веќе.
За прва кола. Што е доказ нели на муабетот зависи за што кој го користи уредот.
16.04.2008. at 14:24
Апсолутно точно… а лично мислам дека Пикантото е подобро од Спарк… а ако веќе купуваш нова кола ѕирни го и новото Hyundai i10 вреди да се види.
16.04.2008. at 15:12
Го купив Eee 4G Surf, како втор лаптоп. И покрај малата резолуција одличен е за сурфање, читање книги, четување и посебно за Skype. Со Икс-убунту 7.10, супер работи. Сепак решив да го задржам прединсталираниот Xandros, затоа што Easy mode менито е згодно за коритење.
Одличен преод помеѓу Mobile Internet Device и лаптоп
16.04.2008. at 15:21
X - Ubuntu!?
16.04.2008. at 15:30
Фино фино, одлична опција за помал лаптоп се слагам, ептен ми е закон што има повисока резолуција сеа.
16.04.2008. at 15:48
http://www.xubuntu.org/
Лајт верзија на Убунту
16.04.2008. at 17:12
ја го имам овој првата генерација…
1. резолуцијата 800×480 не смета за сурфање… мислам не збориме сеа за висење 10 саати на него нели.. онака ти стои секогаш при тебе и отвараш по потреба.
2. колку што знам, мојов има 900мхз kind-of-celeron процесор, со тоа што има и speedstep, т.е. ја намалува по потреба.
3. Ubuntu најавуваат и mobile edition на 8.04, која ќе излезе нешто покасно. Ќе има интерфејс сличен на овој од Xandros, ама се надевам слободен и со тоа подобар и поподржан од заедницата. Едвај го чекам
16.04.2008. at 17:46
Ова е ново:
http://gizmodo.com/380283/asus-eee-900-gets-20gb-linux-version-some-launch-dates
16.04.2008. at 18:35
http://www.trustedreviews.com/notebooks/review/2008/04/16/Asus-Eee-PC-900/p1
Комплетен тест.
17.04.2008. at 09:01
Дали Xubuntu ќе работи на p2 со 64Mb РАМ, 4Gb диск и S3 AGP графичка со 4Mb меморија? Имам 4 вакви стари но исправни макини… би сакал да им го продолжам животниот век дури може. Или дајте предлог за некоја друга лајт дистрибуција која би одговарала.
17.04.2008. at 09:59
Мислам дека РАМ-от е проблем, но искрено немам искуство, па ако чита некој нека пише.
17.04.2008. at 15:27
Лаптопот изгледа убаво… Мало пакување… Солидни перформанси. Ама, искрено… Незнам зошто толку сте се напалиле на него. Можеби јас не ја гледам предноста. Ама, знам дека за 500 евра можеш да набавиш full-size лаптоп со подобри перформанси…
17.04.2008. at 15:59
ова е лаптоп за луѓе кои имаат фул-сајз лаптоп кој не го собира во секоја прилика. Како што реков, состаноци, патувања итн. и не е 500 евра туку 500 долари што е голема разлика.
17.04.2008. at 16:23
Предностите на еееPC..
1) ефтин е, старата верзија е помалце од 300евра
2) нема харддиск, што значи е поробустен од нормален лаптоп
3) компактен е и лесен, го собира во поголем џеб од јакна на пр.
сето ова значи дека можеш да го мкнеш со себе секаде, не ти смета со тежина и големина, пошто е ефтин и не му се тресеш дека ќе ти се расипе од дрнкање а и тешко да се расипе.
А од дрга страна имаш full featured Firefox, Pidgin, Smplayer и wifi.
17.04.2008. at 16:27
Плус тоа, ова е одличен лаптоп за деца!
18.04.2008. at 14:45
Џони, би требало да работи но проблемот е што апликациите како Firefox, Thunderbird и слично обично јадат појше од 64 MB рам. Има и по-лајт работни околини од XFce, можеш да инсталираш Xubuntu, па да си го смениш XFce со IceWM на пример. Исто така има и интернет прелистувачи што јадат помалце меморија, па побарај погуглај имаш шанса да напраиш нешо корисно со машините мислам.
18.04.2008. at 15:11
Thanks Арангел…
24.04.2008. at 09:27
Веројатно додека не го видам пред мене, нема да се убедам дека е нешто што би ми било од корист повеќе од лаптопот што веќе го поседувам. Вчера „уз“ кафе муабет со еден другар разбрав дека веќе го набавил, па договоривме една live демонстрација на Кеј за празниците. Останува да видиме дали ќе го сменам ставот
25.05.2008. at 15:09
[…] што најавив минатиот пат, Асус веќе започнува со производство на еее со Интел […]