Уредничката на Дневник, Катерина Блажевска, ова го има убаво срочено:

Како заедно да негуваме добри вредности ако имаме различен аршин за нив? За мене добра вредност се добра сегашност и добра иднина на земјава, а за нив добра вредност е хибернирање на граѓаните со добри приказни за минатото. Мојата и нивната Македонија постојано се разминуваат. Мојата и нивната Македонија живеат во различни времиња. Линк

Се работи за драматични стратешки разлики на античко-ортодоксната (попозната како хунзеатска) и граѓанската (попозната како европска). До кај ќе оди работава, само господ знае. Како трибјут на целата граѓанска дебата која се случува низ алтернативни сокаци и особено со помош на интернетот, Рибаро објави видео на истата тема. Имајќи ги во предвид неодамнешните драконски казни, ова прераснува во сајбергерила. (Забелешка, во опциите десно долу одберете CC).

P.S. Открив дека и Жарко има напишано пост со ист наслов.


Коментари