Извори од португалското претседателство со Европската унија вчера официјално ги распрскаа надежите дека Македонија може да се надева на позитивна вест од ноемврискиот извештај на Европската комисија.„Португалија ги поддржува напорите на Македонија да се приближи кон Европската унија и нашите идни чекори ќе зависат од процената на ситуацијата на теренот што наскоро треба да ја направи Европската комисија. Последните информации се дека има некои недостатоци во исполнувањето на обврските што ги бараше Европската комисија, па ве охрабруваме да ги остварите потребните реформи во наредниот период“, изјави вчера портпаролот на португалската амбасада при ЕУ, Мануел Карвалјо. Повеќе…


Коментари