Розетата на нашите комплекси
13.04.2008.
Подолго време следам вести и текстови поврзани со „откритието“ на (инаку почитуваните, но од електрашки аспект) професори Тентов и Бошевски. Нивниот проблем со „доказот“ освен елементарната историска неконзистентност (словенско писмо векови пред доселувањето) ме натера да истражам неколку работи. Како прво и по нивно сопствено тврдење, нивниот доказ не е воопшто прифатен и во нашето МАНУ. Во светски рамки не постои ниту една институција, научен собир или ентитет кој се има референцирано на ова истражување што го фрла во вода според својата релевантност.
Истражувајќи по Википедија, заклучокот се потврдува. „Откритието“ се споменува само во дискусијата и е отфрлено како „смешно“, „тажно“ и „ирелевантно“. Да не заборавам и како „секое чудо за три дена“.
Може да се заклучи дека ова откритие кореспондира со Туѓмановата нарачка до нивната академија по што докажаа дека хрватите не се словени туку иранци. Уникатноста, вечноста, ариевскиот ген е крунскиот доказ и светиот грал по кој трага секоја нацистичка политичка групација, како база, ДНК за својата натамошна агенда и модус вивенди за својата ирационална политичка платформа.
Заради тоа храбро мора да се истапи, и да се расчисти - дали доказот е вистина или е комбинаторика која доведува до погрешни заклучоци. Со тоа ќе се потсече коренот на ирационалноста кој вирее како никогаш до сега. Ѓубрен со политичка глупост.
Всушност, потребата за античка уникатност се појавува кај луѓето кои не ги бива за сегашноста и се соочени со глобализацијата, економијата базирана на знаења и либералниот пазар. Немајќи капацитет да се справат со сето тоа, бараат лажни потврди за нивната величина, обесправдана од „курвата вавилонска“ и „светскиот каубој“.
13.04.2008. at 12:09
http://arheo.com.mk/2008/04/12/a-few-facts-can-construct-reality/ - коинцидентно
13.04.2008. at 12:19
[…] Розетата на нашите комплекси […]
13.04.2008. at 12:30
јас би го сменил тоа „реплицирајте“, барем врзано за овој пост
13.04.2008. at 12:43
Променето
13.04.2008. at 16:29
Не знам само од каде ја ископавте информацијата дека писмото е словенско? Претпоставувам ве збуниле некои зборови, конструкти кои професорите ги наведуваат, а кои се слични и дури исти со нашиве денешниве… Зарем мислите дека античките македонци едноставно исчезнале, без да остават ни трага ни глас?! Нормално е во нашиот денешен јазик да има остатоци од јазикот кој словените го затекнале кога се доселиле овде.
13.04.2008. at 17:54
Токму така. Но знаеш според World Genome Project што сме ние, грците, албанците, бугарите, србите, италијанците, шпанците? 70% од нас имаат барем еден машки арапски предок.
Сигурно сме асимилирале дел од старото население, но илирите многу повеќе од нас бидејќи долго време останале изолирани во планините. И сега??? Исто како прашањето што биле бугарите… Културата ја дефинира нацијата, вклучувајќи го и јазикот, навиките, имињата, обичаите. А ние, бугарите, србите, хрватите, словенците, босанците, црногорците, словаците, чесите, пољаците, украинците, белорусите, русите и уште некој сме словени. И зошто се замараме сега?
17.04.2008. at 14:47
Јован, уште поинтересно е што се нема појавено ниеден научник кој не само што не референцира, туку и не сметал дека треба да троши време да ги оповргне тврдењата во врска со новата теорија за Каменот од Розета.
А најважно е всушност, во кои научни публикации е објавено ова дело. На нивниот сајт? Тоа, за жал, не е доволно за соочување со светската научна јавност, а камоли прифаќање.
21.06.2008. at 14:35
kudos за постов!
“храбро мора да се истапи, и да се расчисти - дали доказот е вистина или е комбинаторика која доведува до погрешни заклучоци.”
Молчење = потврдување.
05.05.2009. at 16:00
Ако некој сака да се прави паметен, нека не јаде бурек без врска. Нека го погледне трудот на Тентов и на Башевски па нека ги пронадјде грешките или илузиите во него. Лесно е да јадете бурек но изгледа немате доволно интелегенција да анализирате детално дали нешто држи или не вода. Она што евентуално може да се спори со откритието е дали релано се гледаат знаците на каменот од розета или авторите користеле малце имагинација (споредба на каменот со нивната транскрипција) и каков е јазикот на кој тоа е напишано. Паушално може да се каже дека се работи за прото-словенски јазик кој што е јазикот на претците на словените.
09.05.2009. at 00:29
Многу е смешно кога целата „наука“ се базира на она што се пренесува само низ нашите медиуми. Ова тврдење на светско ниво е земено како во најмала рака смешно. Погледнете ја дебатата на соодветната тема во Википедија:
http://en.wikipedia.org/wiki/Talk:Rosetta_Stone#Ahem….Non-mainstream_theories
и ќе ви биде јасно дека на светско ниво теоријава има релевантност колку и српските јасновитци на сат-тв.
Ајде едно релевантно научно издание со меѓународно признание да го објави трудот???