Дистопија во филмот Шрек
01.06.2008.
Лордот Фаркуад е персонификација на многу владетели со диктаторски намери. Тој сака да го исчисти своето кралство од пороци, фрикови и слободоумни луѓе, како секој добар конзервативец. Го замислува Дулок како место во кое сите живеат среќно, нема ликови од бајките (вештерки, кукли кои зборуваат) што е симболика за луѓе со поинакви размислувања или боја на кожата. Сите се здрави, прави, насмеани и сите го возвишуваат него.
Во клучен дел од филмот Фаркуад ќе изјави: „Огледалце, огледалце на ѕидот, зарем нема попрекрасно кралство од Дулок?“. Но за жал (негова), Дулок не е кралство, бидејќи тој не е крал. Како секој искомплексиран диктатор, тој нема во себе сина крв. Заради тоа тој мора да најде принцеза за да го оствари својот сон (што е и главна тема на филмот Шрек). Но неговите невољи не завршуваат таму. Тој е мал по раст, а неколку пати во филмот во двојна формула е завиткана и шегата за неговата машкост. Благо речено, не е популарен кај жените.
Откако ќе добие упатства кај да ја најде принцезата, не се одлучува сам да ја спаси од змејот, како што е редот, туку е на мисла да ги прати своите витези со зборовите „Ова е мисија која е многу тешка, но не се двоумам да жртвувам некој од Вашите животи“. Типична изјава на Хитлер, Милошевиќ и било кој друг диктатор и вонаби диктатор.
Фаркуад е човек кој го води Дулок според сите стандарди на дистопија, вештачки среќно и вештачки чисто место кај што мораш да свириш по туѓа музика, онаа на искомплексираниот владетел. Уште една аналогија со тажната реалност во земјите водени од недоветни политичари е и химната на Дулок која ја пее механизиран хор како добредојде, а чиј текст личи на популистичките кампањи (на времето со разгласи и постери, а поново време и преку радио и ТВ):
Фаркуад, како во бајка, завршува во утробата на змејот. Егзодусот на сите ликови од бајките прекинува со хепи-енд - нивно здомување во царството Far, Far Away. Филмот, иако наменет за младите генерации, носи во себе многу јака вградена сублиминална порака која се поистоветува со слоганот на Дискавери Сајнс: QUESTION EVERYTHING, и бори се за својата слобода, бори се за правото на различност.
Една од најбитните алатки за самоодржување на отворените демократски општества е можноста за самозаздравување преку систематско вградување на демократските вредности, меѓу друго, и преку детски филмови. Бидејќи генерациски холокаустот лесно се заборава. Ова драматично недостасува во образованието во целиот наш регион, и е една од главните причини за мазохистичката потреба за диктаторување преточена во зборовите „добар беше Тито“, „да беше Хитлер“, и „да удри на масата, да се знае“.
Архинепријателите на Фаркуад (колачињата, магарињата и куклите кои говорат) постојат и се живи кај нас на Балканот, било тоа да се припадници од непријателскиот народ (референца 1984: Евроазија, Источна Азија), или пак внатрешни непријатели како роми, хомосексуалци, мајки кои не раѓаат или абортираат, НВО активисти, слободни новинари, опозиционери и други досадни елементи кои треба да се преселат во мочуришта, далеку од светлото на денот.
Само преку овој принцип на критички осврт демократијата, европските културни вредности и заедничката заложба за економско интегрирање на регионот ќе бидат реални. До тогаш радикалите ќе дивеат заедно со своите орди. Ова, на еден многу чуден пристап, е мојот втор предлог за регионален исчекор.
Списокот следи:
1. Интегрална регионална унифицирана историја која промовира мир и соработка
2. Општествено вградена мироградба, систематско создавање на слободоумие и востоличување на принципот на секуларност
Типичните „решенија за секоја пригода“ како морков-и-стап евро-интеграција и слично воопшто не ги споменувам бидејќи тие се контролни и реактивни, за разлика од овие кои се проактивни и синергетски.
01.06.2008. at 12:29
На фид отиде парцијален текст.
01.06.2008. at 22:02
Другарче многу замараш, оди со Македонската ГНУ/Линукс Планета одма! Очекувам наредниот пост да ти биде пост-изборно серење…
02.06.2008. at 02:40
блог ми е, двор ми е
02.06.2008. at 10:11
„Списокот следи:
1. Интегрална регионална унифицирана историја која промовира мир и соработка
2. Општествено вградена мироградба, систематско создавање на слободоумие и востоличување на принципот на секуларност“
ОВА НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ ПОСТИГНАТО СО ДПМНЕ.. ај на здравје нека ни се следниве 4 години…
02.06.2008. at 23:39
Младичу… имаш 4 години да анализираш. На твое место би анализирал зошто/како Рада дојде на чело на партијата и зошто на нејзината изјава од вчера вечер околу 12:30 „еве ова е тимот …“ зад неа кадарот ги фаќаше Тито Петковски и Ѓорѓи Оровчанец… двајцата со кисели муцки!
…и проанализирај кој ќе ја води партијата до наредниот конгрес, дали на Рада повторно ќе и дадат доверба и дали Никола Поповски ќе биде следниот лидер на СДСМ.
Вака ми делуваш како талентиран млад човек и на твое место - би се ангажирал троа повеќе во партиските кругови, оти на СДСМ им фалат свежи кадри, па макар биле само и филозофи.
03.06.2008. at 08:10
Благодарам на коментарот, го сваќам позитивно. Не верувам во партиски ангажмани, барем не во моментов.
Инаку пред нас е векот за анализи, еве уште не ни сваќаме што ни се случи во неделата. Иако овој пост е објавен ПРЕД почетокот на изборите, значи не е воопшто реакција на изборите.
07.06.2008. at 22:04
Браво за одличната анализа на тоа што еден наизглед детски цртан има во позадина. А момците „патриоти“ што само се удираат во гради колку владеачката партија е моќна или не знам што, не гледаат подалеку од својот двор. Не дека не сакаат, но толку им се можностите - за жал ограничени. Момци излезете малку од дома, доста растете во саксии.
07.06.2008. at 23:15
Благодарам, го ценам твоето мислење.